10
Одвртете го шишето од телото на пумпата. Имате повеќе опции:
-
Ставете стерилизиран диск за дихтување во стерилизиран прстен за навртување и навртете го на шишето
(Сл. 21). Измолзеното млеко во шишето е подготвено за складирање.
-
Или, составете стерилизирана цуцла и прстен за навртување со шишето според упатствата (видете 'Хранење').
Покријте ја цуцлата со капакот во форма на купола (Сл. 22).
11
Откачете го адаптерот од ѕидниот мрежен приклучок за да го исклучите уредот од електричната мрежа.
Откачете го делот со моторот од адаптерот. Откачете ги силиконското црево и капакот од силиконската
дијафрагма. За лесно чување, намотајте го силиконското црево околу делот со моторот и закачете го капакот
на цревото (Сл. 23).
12
Исчистете ги другите користени делови од пумпата за измолзување според упатствата дадени во делот
„Чистење и стерилизирање“.
Чување на мајчиното млеко
Предупредување: Да се чува само млекото собрано со исчистена и
стерилизирана пумпа за да се обезбеди хигиена.
Мајчиното млеко може да се чува во ладилник (не на вратата) до 48 часа. Измолзеното млеко треба веднаш да се
разлади. Ако млекото го чувате во ладилник за додавање во текот на денот, додавајте млеко што било измолзено
само во стерилизирано шише или чаша за чување мајчино млеко. Мајчиното млеко може да се чува во замрзнувач
до три месеци, ако се држи во стерилизирани шишиња опремени со стерилизиран прстен за навртување и диск за
дихтување или стерилизирани чаши за чување мајчино млеко Јасно обележете го шишето или чашата за
чување мајчино млеко со датумот на измолзување и прво користете го постарото мајчино млеко. Доколку сакате
да го нахраните вашето бебе со измолзено мајчино млеко во периодот од 48 часа, можете да го чувате мајчиното
млеко во фрижидер во склопено шише или чаша за чување мајчино млеко на Philips Avent.
Треба
-
Измолзеното млеко веднаш да се разлади или замрзне.
-
Млекото собрано со стерилизирана пумпа за измолзување да се чува само во стерилизирани шишиња.
Не треба
-
Никогаш повторно да се замрзнува веќе одмрзнато мајчино млеко.
-
Никогаш да се додава свежо мајчино млеко во веќе замрзнато мајчино млеко.
Компатибилност
Електричната пумпа за измолзување Philips Avent е компатибилна со шишињата и чашите за чување мајчино
млеко на Philips Avent. При користење други шишиња на Philips Avent, користете ист тип на цуцла каква што беше
испорачана со тоа шише. За повеќе детали за тоа како да ја склопите цуцлата и општи упатства за чистењето,
погледнете во делот „Хранење“ и во делот „Чистење“. Исто така, овие детали може да се најдат на нашиот веб-
сајт
www.philips.com/support
.
-
Резервните цуцли се достапни одделно. Осигурете се дека користите цуцла со правилен проток при хранење
на вашето бебе. За да купите додатоци или резервни делови, одете на
www.shop.philips.com/service
или кај дистрибутер на Philips. Исто така можете да се јавите во центарот за грижа на корисници на Philips во
вашата земја.
-
Не ги мешајте деловите и цуцлите од шишето Anti-colic на Philips Avent со деловите од шишето Natural на
Philips Avent. Тие може да не одговараат и можат да предизвикаат протекување или други проблеми.
-
Високо квалитетното шише Philips Avent Natural е компатибилно со повеќето пумпи за измолзување, цуцли за
чаши, дискови за дихтување и капачиња за чаши на Philips Avent.
148
Македонски
Содержание SCF332
Страница 1: ...SCF334 SCF332 ...
Страница 2: ......
Страница 3: ...SCF334 Fig A SCF332 1 2 4 5 14 15 16 17 18 13 7 6 8 10 11 12 3 9 ...
Страница 4: ......
Страница 5: ...English 6 Hrvatski 28 Română 51 Slovenščina 74 Ελληνικα 95 Български 118 Македонски 140 Srpski 162 ...
Страница 184: ......
Страница 186: ...27 28 1 2 30 29 24 25 26 ...
Страница 187: ......
Страница 188: ...4213 354 4005 2 www philips com 75 recycled paper ...