Дополнителни информации
Подолу се опишани некои вообичаени состојби поврзани со доењето. Доколку искусите кои било од овие
симптоми, обратете се на здравствен работник или советник за доење.
Симптом
Чувство на болка
Забележана болка на града или брадавица.
Воспалени брадавици
Постојана болка во брадавиците на почетокот на периодот на измолзување, или која
трае во текот на целиот период на измолзување, или болки помеѓу периодите на
измолзување, многу слични на болката која се чувствува за време на доењето.
Набрекнатост
Отеченост на градите. Градата може да биде тврда, набабрена и чувствителна на
допир. Може да вклучува еритема (црвенило) на градите и температура.
Модринка, тромб
Црвеникаво-виолетова боја која не избледува кога ќе се притисне. Кога модринката
избледува, станува зелено-кафеава.
Плускавци
Изгледаат како мали меурчиња на површината на кожата.
Оштетено ткиво на
брадавицата (траума на
брадавиците)
- Фисури или испукани брадавици.
- Лупење ткиво од кожата на брадавицата. Вообичаено се појавува во комбинација со
испукани брадавици и/или плускавци.
- Кинење на брадавицата.
Крвавење
Испукани или скинати брадавици може да предизвикаат крвавење на зафатеното
место.
Затнати млечни канали
Црвена грутка на градата чувствителна на допир. Може да вклучува еритема
(црвенило) на градите и температура. Може да доведе до маститис (воспаление на
градата) доколку не се лекува.
Технички информации
Информации за EMC
За пумпата за измолзување Philips Avent потребни се посебни мерки на претпазливост во однос на EMC и треба да
биде инсталирана и ставена во употреба според информациите за EMC дадени во овој дел.
Преносливата и мобилната комуникациска RF-опрема може да влијае на пумпата за измолзување Philips Avent.
Електронската пумпа за измолзување нема функции од животно значење. Поради EMC-пречки, како од безжични
мрежни уреди, мобилни телефони или безжични телефони, пумпата за измолзување може да се исклучи или да
премине во режим на грешка. Ова нема да доведе до неприфатливи ризици. За да се спречат пречките, за време
на измолзувањето другата електрични опрема треба да се држи подалеку од 3,3 стапки/1,0 m од пумпата за
измолзување и таа не треба да се држи на исто место со друга електрична опрема уреди. Должина на кабелот на
адаптерот: 2,50 метри/ 8,2 стапки.
154
Македонски
Содержание SCF332
Страница 1: ...SCF334 SCF332 ...
Страница 2: ......
Страница 3: ...SCF334 Fig A SCF332 1 2 4 5 14 15 16 17 18 13 7 6 8 10 11 12 3 9 ...
Страница 4: ......
Страница 5: ...English 6 Hrvatski 28 Română 51 Slovenščina 74 Ελληνικα 95 Български 118 Македонски 140 Srpski 162 ...
Страница 184: ......
Страница 186: ...27 28 1 2 30 29 24 25 26 ...
Страница 187: ......
Страница 188: ...4213 354 4005 2 www philips com 75 recycled paper ...