Предвидена намена
Електричната пумпа за измолзување Philips Avent Comfort Single/Twin е наменета за извлекување и собирање млеко
од градите на жена доилка.
Уредот е наменет за еден корисник.
Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте го овој прирачник за корисникот пред да ја користите пумпата за измолзување и зачувајте
го за во иднина.
Овој прирачник за корисникот може да се најде и онлајн на веб-сајтот на Philips Avent:
www.philips.com/avent
Контраиндикации
Никогаш не ја користете пумпата за измолзување за време на бременост, бидејќи смукањето може да предизвика
породување.
Предупредување
Предупредувања за да се избегне гушење, давење и повреда:
-
Не им дозволувајте на децата или домашните миленичиња да играат со делот со моторот, адаптерот или
додатоците.
-
Децата треба да бидат под надзор за да се осигури дека не си играат со уредот.
-
Секогаш исклучувајте ја пумпата за измолзување веднаш по употребата.
-
Не оставајте ја пумпата за измолзување без надзор кога е приклучена.
-
Оваа пумпа за измолзување не е наменета за употреба од страна на лица (вклучително деца) со намалени
физички, сензорни или ментални способности или со недостиг на искуство и знаење. Тие лица можат да ја
користат оваа пумпа за измолзување само ако се под надзор или добиле соодветни упатства за употребата на
уредот од страна на лицето одговорно за нивната безбедност.
Предупредувања за избегнување електричен удар:
-
Пред секоја употреба, проверете ги пумпата за измолзување и адаптерот за знаци на оштетување. Не ја
користете ја пумпата за измолзување ако адаптерот или приклучокот е оштетен, не работи правилно или бил
испуштен или потопен во вода.
Предупредувања за спречување изгореници:
-
Користете го само адаптерот означен на уредот за да се избегне прегревање на адаптерот.
-
Батериите што не се полнат не треба повторно да се полнат за да се избегне прегревање и протекување на
батериите.
Предупредувања за избегнување труење и загадување и за обезбедување хигиена:
-
Од хигиенски причини, пумпата за измолзување е наменета повеќекратно користење од страна на само еден
корисник.
-
Пред секоја употреба, чистете ги, мијте ги и стерилизирајте ги сите делови на пумпата, освен делот со
моторот, цревото и капакот и адаптерот.
-
Да се чува само млекото собрано со исчистена и стерилизирана пумпа.
-
Не ја користете пумпата за измолзување ако силиконската дијафрагма е оштетена или скината. За информации
како да добиете резервни делови, погледнете во делот „Нарачување додатоци“.
-
Не користете антибактериски или абразивни средства за чистење кога ги чистите деловите од пумпата за
измолзување.
-
Ако планирате да не го користите уредот подолго време, извадете ги батериите за да избегнете протекување
на батериите.
142
Македонски
Содержание SCF332
Страница 1: ...SCF334 SCF332 ...
Страница 2: ......
Страница 3: ...SCF334 Fig A SCF332 1 2 4 5 14 15 16 17 18 13 7 6 8 10 11 12 3 9 ...
Страница 4: ......
Страница 5: ...English 6 Hrvatski 28 Română 51 Slovenščina 74 Ελληνικα 95 Български 118 Македонски 140 Srpski 162 ...
Страница 184: ......
Страница 186: ...27 28 1 2 30 29 24 25 26 ...
Страница 187: ......
Страница 188: ...4213 354 4005 2 www philips com 75 recycled paper ...