![Philips AVENT SCF330 Скачать руководство пользователя страница 97](http://html1.mh-extra.com/html/philips-avent/scf330/scf330_manual_1550400097.webp)
Предупредување
-
Пумпата за измолзување не е наменета за користење од страна на лица (вклучително и деца) со намалени
физички, сензорни или ментални способности или со недостаток на искуство и знаење, освен ако не се под
надзор или не добиваат инструкции за користењето на производот од страна на лице кое е одговорно за
нивната безбедност.
-
Децата треба да бидат под надзор за да се осигури дека не си играат со пумпата за измолзување.
-
Пред секоја употреба, проверете да не е оштетена пумпата за измолзување. Немојте да ја користите
пумпата за измолзување ако не функционира правилно.
-
Никогаш не ја користете пумпата за измолзување додека сте поспани или сонливи.
-
Не изложувајте ја пумпата за измолзување на екстремно висока температура и не ставајте ја на директна
сончева светлина.
-
Ако сте мајка која е инфицирана со хепатитис Б, хепатитис Ц или вирус причинител на имунитетски
недостаток кај човекот (ХИВ), измолзувањето мајчино млеко нема да го намали или отстрани ризикот од
пренесување на вирусот на вашето бебе преку вашето мајчино млеко.
Чашите за чување мајчино млеко од Philips Avent (само SCF330/13),
шише Natural (сите типови освен SCF330/13), капаче, прстен за
навртување и цуцла
За безбедноста и здравјето на Вашето дете
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
-
Секогаш користете го овој производ под надзор на возрасни лица.
-
Постојаното и долго цицање течности предизвикува расипување на забите.
-
Секогаш проверувајте ја температурата на храната пред хранењето.
-
Не дозволувајте децата да си играат со малите делови или да одат/трчаат додека се користат шишињата
или чашите.
-
Шишето може да се скрши ако падне.
-
За стаклени шишиња: Стаклените шишиња може да се скршат.
-
Не го ставајте шишето или чашите за чување мајчино млеко во жешка рерна или на каква било друга жешка
подлога.
-
Цуцлите за хранење не смеат никогаш да се користат како цуцли за лажење, за да се избегне опасност од
задушување.
-
Пред секоја употреба треба да се проверат шишето и цуцлата за хранење и да се влече цуцлата за хранење во
сите насоки за да се спречи опасност од задушување. Фрлете ја при првите знаци на оштетување или ослабување.
-
Немојте да оставате цуцла за хранење на директна сончева светлина или топлина и не ја оставајте во
средство за дезинфекција (раствор за стерилизација) подолго од препорачаното затоа што ова може да ја
ослабе цуцлата.
-
Сите делови што не се користат чувајте ги надвор од дофатот на деца.
-
Чистете и дезинфицирајте пред секоја употреба.
Кесички за чување на мајчиното млеко Philips Avent (само SCF330/50)
Предупредувања за избегнување повреди на деца:
-
Чувајте ги кесичките за чување на мајчиното млеко надвор од дофатот на деца.
-
Секогаш проверувајте ја температурата на млекото пред да го нахраните бебето.
-
За да спречите млекото да се прегрева, немојте да ја одмрзнувате кесичката за чување на мајчиното млеко
во микробранова рерна, во тазе извриена вода или во загревач на шишиња.
Македонски
97
Содержание SCF330
Страница 1: ...SCF330 ...
Страница 2: ......
Страница 3: ...2 1 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 SCF330 13 SCF330 50 1 ...
Страница 4: ......
Страница 120: ......
Страница 121: ......
Страница 122: ...7 11 9 25 19 5 13 6 10 8 12 2 3 4 5 14 15 16 17 ...
Страница 123: ......