126
МАКЕДОНСКИ
4.
Туркајте ја пилата низ работниот материјал.
Не влечете ја пилата низ работниот
материјал. За да направите рез, кренете ја
главата на пилата и повлече ја врз работниот
материјал без сечење, стартувајте го
моторот, притиснете ја главата на пилата
надолу и туркајте ја пилата низ работниот
материјал.
Брзото сечење може да предизвика
ножот на пилата да се искачи на врвот на
работниот материјал и насилно да го исфрли
склопот на ножот кон операторот.
5.
Никогаш не префрлајте ја раката над
замислената линија на сечење пред или зад
ножот на пилата.
Држејќи го работниот материјал
со „вкрстени раце“, односно држејќи го работниот
материјал со левата рака на десната страна од
ножот на пилата или обратно е многу опасно.
►
Сл.1
6.
Не посегнувајте зад граничникот со
ниту една рака поблиску од 100 мм од
двете страни на ножот на пилата за да
ги отстраните деланките од дрвото или
поради која било друга причина додека
ножот се врти.
Близината на ножот на пилата
што се врти до вашата рака може да не биде
очигледна и може сериозно да се повредите.
7.
Проверете го работниот материјал пред
сечењето. Ако работниот материјал е
наведнат или искривен, стегнете го со
надворешната наведната страна кон
граничникот. Секогаш бидете сигурни дека
не постои јаз помеѓу работниот материјал,
граничникот и масата долж линијата на
резот.
Наведнатите или искривените работни
материјали може да се извиткаат или поместат и
при сечењето може да предизвикаат сврзување
на ножот на пилата што се врти. Не треба да има
клинци ниту туѓи објекти во работниот материјал.
8.
Не користете ја пилата додека не ја исчистите
масата од сите алатки, отпадоци од дрво итн.,
освен работниот материјал.
Со голема брзина
може да бидат исфрлени мали остатоци или
разлабавени парчиња од дрво или други предмети
кои имаат контакт со ротирачкото сечило.
9.
Сечете само еден по еден работен материјал.
Повеќе наредени работни материјали не може
соодветно да се прицврстат или опфатат и може
да се сврзат на ножот или да се поместат за
време на сечењето.
10.
Осигурете се дека аголната пила е монтирана
или поставена на рамна, цврста работна
површина пред употребата.
Рамната и цврста
работна површина го намалува ризикот од
нестабилност на аголната пила.
11.
Планирајте ја вашата работа. Секогаш кога
ќе ги промените поставувањата на аголот
на закосеност или аголот на спој, бидете
сигурни дека нагодливиот граничник е
правилно поставен за да го поддржува
работниот материјал и да не му пречи на
ножот или системот за заштита.
Без да го
поставите алатот на „ВКЛУЧИ“ и без работен
материјал на масата, придвижете го ножот
на пилата низ целосно симулираниот рез за
да се осигурите дека нема да има пречки или
опасност од сечење на граничникот.
12.
Обезбедете соодветна поддршка, како што
се продолжетоци за маса, ногарки, итн. за
работен материјал што е поширок или подолг
од површината на масата.
Работниот материјал
што е подолг или поширок од масата на аголната
пила може да се преврти ако не е добро
поддржан. Ако пресеченото парче или работниот
материјал се превртат, може да го подигнат
долниот штитник или ножот може да ги исфрли.
13.
Не користете друго лице како замена
за продолжеток на масата или како
дополнителна поддршка.
Нестабилна
поддршка на работниот материјал може
да предизвика сврзување на ножот или
префрлање на работниот материјал за време
на операцијата на сечење повлекувајќи ве вас
и вашиот помошник кон ножот што се врти.
14.
Отсеченото парче не треба да се заглавува
или притиска на каков било начин кон ножот
на пилата што се врти.
Ако е во ограничен
простор, односно употребувате стопери за
должина, отсеченото парче би можело да се
заглави во ножот и насилно да биде исфрлено.
15.
Секогаш користете менгеме или фиксатор
што се дизајнирани за соодветна поддршка
на заоблен материјал, како шипки или
цевки.
Шипките имаат тенденција да се вртат
додека се сечат, со што се предизвикува
сечилото да „гризе“ и да го повлече
материјалот со вашата рака кон ножот.
16.
Ножот треба да достигне полна брзина пред
да дојде во контакт со работниот материјал.
Ова ќе го намали ризикот од исфрлање на
работниот материјал.
17.
Ако работниот материјал или ножот се
заглават, исклучете ја аголната пила.
Почекајте сите подвижни делови да запрат и
исклучете го кабелот од изворот на енергија
и/или извадете ја батеријата. Потоа пробајте
да го извадите заглавениот материјал.
Ако
продолжите да пилате со заглавен работен
материјал, може да изгубите контрола врз
аголната пила или пак да ја оштетите.
18.
По завршувањето на сечењето, отпуштете
го прекинувачот, држете ја главата на
пилата надолу и почекајте ножот да запре
пред да го отстраните отсеченото парче.
Опасно е да посегнувате со раката во близина
на движечкото сечило.
19.
Држете ја цврсто рачката при правење
нецелосен рез или кога го отпуштате
прекинувачот пред главата на пилата да
е целосно во позиција надолу.
Силата на
сопирање на пилата може да предизвика
главата на пилата одеднаш да се повлече
надолу, предизвикувајќи ризик од повреда.
20.
Користете само сечило на пила со
дијаметар што е означен на алатот или
назначен во прирачникот.
Употребата на
сечило со неправилни димензии може да
влијае врз правилната заштита или работењето
на сечилото или заштитникот, што може да
резултира со тешка телесна повреда.
21.
Користете само ножеви за пила што се
означени со брзина еднаква или поголема
од брзината означена на алатот.
Содержание LS002G
Страница 2: ...Fig 1 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 12 11 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 Fig 2 2 ...
Страница 4: ...1 2 4 3 Fig 7 2 1 3 Fig 8 1 2 Fig 9 1 2 3 Fig 10 3 1 2 4 Fig 11 1 Fig 12 4 ...
Страница 5: ...1 3 2 4 Fig 13 1 2 Fig 14 1 Fig 15 Fig 16 1 2 3 4 5 6 Fig 17 1 2 Fig 18 5 ...
Страница 6: ...Fig 19 Fig 20 1 2 3 Fig 21 1 2 3 4 5 6 Fig 22 3 4 1 2 5 Fig 23 6 ...
Страница 7: ...1 2 3 4 Fig 24 1 2 3 5 4 Fig 25 1 2 3 Fig 26 1 2 3 Fig 27 1 2 3 Fig 28 7 ...
Страница 8: ...1 Fig 29 1 Fig 30 1 3 2 4 Fig 31 1 2 3 Fig 32 1 2 3 4 5 6 Fig 33 1 Fig 34 1 2 3 4 5 6 Fig 35 8 ...
Страница 9: ...1 2 3 4 5 6 Fig 36 1 2 3 Fig 37 1 2 3 Fig 38 1 Fig 39 1 2 Fig 40 1 1 2 2 3 3 4 4 Fig 41 9 ...
Страница 10: ...1 2 4 3 5 Fig 42 1 2 3 Fig 43 1 2 Fig 44 1 2 Fig 45 1 Fig 46 1 2 Fig 47 Fig 48 10 ...
Страница 11: ...1 2 3 Fig 49 2 3 1 4 Fig 50 1 2 3 4 5 Fig 51 1 Fig 52 Fig 53 Fig 54 Fig 55 1 Fig 56 11 ...
Страница 12: ...1 2 3 4 Fig 57 1 2 3 Fig 58 1 Fig 59 1 1 2 2 Fig 60 Fig 61 Fig 62 12 ...
Страница 13: ...1 Fig 63 1 2 Fig 64 1 Fig 65 1 Fig 66 1 1 2 2 Fig 67 1 2 3 4 5 Fig 68 13 ...
Страница 14: ...1 2 Fig 69 1 2 3 Fig 70 1 2 3 Fig 71 1 Fig 72 1 2 Fig 73 1 2 Fig 74 14 ...