
7
МАКЕ
Д
ОНСКИ
При откачување на кабелот, држете го за приклучокот и повлечете.
Ако жиците во кабелот за напојување се прекинати, може да дојде
до пожар.
При преместување на производот, внимавајте прво да го
исклучите напојувањето. Потоа, откачете ги каблите за напојување,
антенските кабли и сите кабли за поврзување. Телевизорот или
кабелот за напојување може да се оштетат и да предизвикаат
пожар или електричен удар.
При преместување или распакување на производот, заради
неговата тежина работете по двајца. Во спротивно, може да дојде
до повреда.
Наведете ги сите сервисирања на овластени сервисни лица.
Сервисирање е потребно кога уредот е оштетен на каков било
начин, како во случај на неисправност на кабелот за напојување
или приклучокот на кабелот, прскање на течност или кога објекти
паднале во уредот, изложување на уредот на дожд или влага, кога
тој не функционира нормално, или доколку се испушти.
Ако производот е ладен на допир, при вклучувањето може да се
појави мало “треперење”. Ова е нормално, кај производот нема
никаков проблем.
Овој екран е напреден производ кој содржи неколку милиони
пиксели. На панелот може да се видат мали црни точки и/или
светло обоени точки (црвени, сини или зелени) со големина од 1
ppm. Ова не укажува на дефект и не влијае врз перформансите и
сигурното функционирање на производот.
Овој феномен исто така се случува и кај производи на трети страни
и не може да биде причина за замена или враќање на пари.
Во зависност од местото на гледање може да забележите различна
осветленост и боја на екранот (лево/десно/горе/долу).
Овој феномен се должи на карактеристиките на панелот. Ова не е
поврзано со перформансите на производот, и тоа не претставува
неисправност.
Прикажувањето на неподвижна слика на подолг временски
период може да предизвика врежување на сликата. Избегнувајте
прикажување на фиксна слика на ТВ екранот на подолг временски
период.
Генериран звук
Звук на “крцкање”: Звукот на крцкање кој настанува за време
на гледање или исклучување на телевизорот се генерира при
термичко собирање на пластиката заради температурата и
влажноста. Овој шум е вообичаен кај производите кај кои доаѓа
до термички деформации. Брмчење на електричните кола/
зуење на панелот: Шум со ниско ниво се генерира од колата
со преклопување со голема брзина, кои испорачуваат големи
количини на струја за функционирање на производот. Шумот се
разликува во зависност од производот.
Овој генериран звук не влијае врз перформансите и сигурното
функционирање на производот.
Не користете електронски уреди со висок напон во близина на
телевизорот (на пр. електрична тепалка за комарци). Тоа може да
предизвика неисправност на производот.