5
МАКЕ
Д
ОНСКИ
ВНИМАНИЕ
Инсталирајте го производот на места каде што нема радио бранови.
Треба да има доволно растојание помеѓу надворешната антена
и електричниот вод за да се спречи контакт меѓу нив дури и ако
антената падне. Тоа би можело да предизвика електричен удар.
Не инсталирајте го производот на места како нестабилни полици
или закосени површини. Исто така, избегнувајте места каде постојат
вибрации или каде производот не би имал добра подлога.
Во спротивно, производот може да падне или да се преврти, што
може да предизвика повреди или оштетување на производот.
Ако го инсталирате телевизорот на држач, потребно е да се преземат
мерки за да се спречи превртување на производот. Во спротивно,
производот може да падне и да предизвика повреди.
Ако имате намера производот да го монтирате на ѕид, на задната
страна од производот прикачете рамка за монтирање усогласена
со VESA стандардот (опционален дел). При инсталирање на уредот
со користење на носач за на ѕид (опционален дел), внимателно
прицврстете го за да не дојде до паѓање.
Користете само додатоци / опрема наведени од производителот.
При инсталирање на антената, обратете се до квалификуван
сервисер. Може да дојде до опасност од пожар или електричен удар.
Кога гледате телевизија, ви препорачуваме да се наоѓате на
растојание барем 2 до 7 пати поголемо од дијагоналата на екранот.
Доколку гледате телевизија подолго период, тоа може да
предизвика заматување на видот.
Користете го единствено специфицираниот тип на батерија.
Во спротивно, би можело да дојде до оштетување на далечинскиот
управувач.
Не мешајте ги новите со старите батерии.
Тоа може да предизвика прегревање или истекување на батериите.
Батериите не треба да бидат изложени на прекумерна топлина
и треба да се чуваат подалеку од директна сончева светлина,
отворени камини или електрични греалки.
НЕМОЈТЕ да ставате батерии кои не може да се полнат во уред за
полнење.
Водете сметка да нема предмети помеѓу далечински управувач и
неговиот сензор.
Сигналот од далечинскиот управувач може да биде попречен од
сончева светлина или друг вид силна светлина. Во овој случај,
затемнете ја собата.