МК - 4
1. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
• Внимателно прочитајте ги сите упатства пред да
го користите апаратот и чувајте ги на практично
место за да се посоветувате кога е тоа потребно.
• Ова упатство е подготвено за повеќе од еден
модел, па затоа вашиот апарат може да ги нема
некои од карактеристиките што се опишани во
него. Поради таа причина, важно е да обрнете
посебно внимание на сите слики додека го
читате упатството за работење.
1.1 Општи безбеднОсни предупредувања
• Овој апарат може да се користи од деца на
возраст од 8 години па нагоре, како и од лица
со намалени физички, сетилни или умствени
способности или со недостаток на искуство
и знаење, ако се под надзор или се обучени
како да го користат апаратот на безбеден начин
и ги разбираат вклучените ризици. Децата не
треба да си играат со апаратот. Чистењето
и одржувањето не треба да го прават деца без
надзор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Апаратот и неговите
достапни делови се загреваат за време на
употребата. Треба да се внимава да не се допрат
грејачите. Држете ги подалеку децата помали од
8 години, освен ако не се под постојан надзор.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Готвењето без надзор
на плочата со маст или масло може да биде
опасно и може да заврши со пожар. НИКОГАШ не
се обидувајте да го гаснете таквиот оган со вода,
туку исклучете го апаратот и покријте го пламенот
со капак или ќебе.
ВНИМАНИЕ:
Процесот на готвење треба да се
надгледува. Краткотрајниот процес на готвење
мора да се надгледува постојано