![FAVORIT 4-J BLACK Скачать руководство пользователя страница 106](http://html1.mh-extra.com/html/favorit/4-j-black/4-j-black_user-manual_546822106.webp)
МК - 7
• Заштитете го апаратот од атмосферата. Не го
изложувајте на сонце, дожд, снег, прашина или
прекумерна влажност.
• Материјалите околу апаратот (т.е. витрините)
мора да бидат способни да издржат минимална
температура од 100°C.
• Температурата на долната површина на плочата
може да се зголеми за време на работењето,
па затоа мора да се инсталира табла под
производот.
1.3 за време на упОтребата
• Не ставајте запаливи или експлозивни
материјали во или близу апаратот додека тој
работи.
Не го оставајте шпоретот без надзор кога
готвите со цврсти или течни масла. Тие можат да
се запалат при услови на прекумерно загревање.
Никогаш не турувајте вода на пламењата кои се
предизвикани од масло, наместо тоа исклучете го
шпоретот и покријте ја тавата со нејзиниот капак
или ќебе.
• Секогаш позиционирајте ги тавите над центарот
на зоната за готвење и свртете ги рачките во
безбедна позиција за да не можат да бидат
турнати или дофатени.
• Ако производот нема да се користи подолг
временски период, исклучете го главното копче.
• Осигурајте се дека копчињата за регулирање на
апаратот се секогаш во позиција „
0
“ (стоп) кога
апаратот не е во употреба.
1.4 за време на чистењетО и ОдржувањетО
• Осигурајте се дека апаратот е исклучен од
електричната мрежа пред да вршите операции
за чистење или одржување.
• Не ги отстранувајте копчињата за регулирање за
да го исчистите контролниот панел.