183 / MK
Микробранова печка / Упатство за употреба
4 Работење со микропечката
4.1 Контролна табла
4.2 Местење на часовникот
Кога микробрановата печка ќе биде
вклучена во електрична мрежа,
дисплејот ќе покажува “0:00”, ѕвоното
ќе заѕвони еднаш. Микропечката ќе
влезе во режим за чекање.
1. Притиснете два пати “Kitchen Timer/
Clock” и броевите за часови ќе
почнат да трепкаат.
2. Вртете го копчето “Time / Weight
/ Auto” за да го наместите часот;
внесената вредност треба да биде
меѓу 0 и 23.
3. Притиснете “Kitchen Timer/Clock”
и броевите за минути ќе почнат да
трепкаат.
4. Вртете го копчето “Time / Weight /
Auto” за да ги наместите минутите;
внесената вредност треба да биде
меѓу 0 и 59.
5. Притиснете “Kitchen Timer/Clock”
за да завршите со поставките за
времето. Симболот “:” ќе трепка и
времето ќе свети.
C
Ако часовникот не е
наместен, нема да работи
кога ќе се вклучи апаратот.
4.3 Готвење со
микробранови
1. Притиснете еднаш “Microwave” и на
дисплејот ќе се појави “P100”.
2. Повторно притиснете “Microwave”
или свртете го копчето “Time / Weight
/ Auto” за да ја изберете саканата
моќност. При секое притискање, на
дисплејот ќе се покаже “P100”, “P80”,
”P50”, “P30” или “P10” соодветно.
3. Притиснете “Start/+30 Sec./Confirm”
за да ја потврдите саканата моќност.