173 / MK
Микробранова печка / Упатство за употреба
•
При поставувањето на
уредот водете сметка
штекерот секогаш да
биде пристапен.
•
За да не се оштети
електричниот кабел не
треба се гмечи, витка
или трие од остри
рабови. Кабелот треба
да биде што подалеку
од жешки површини и од
отворен пламен.
•
Внимавајте
некој
случајно да не го извлече
или стапне електричниот
кабел додека работи
апаратот.
•
Извадете го приклучокот
од штекерот пред секое
чистење на апаратот и
додека не го користите.
•
Не
го
влечете
електричниот кабел
на апаратот за да
го
исклучите
од
електричната мрежа и не
го мотајте околу апаратот.
•
Не го потопувајте
апаратот, електричниот
кабел или приклучокот
во вода или во некоја
друга течност. Не го
ставајте под млаз вода.
•
Кога загревате храна во
пластични или хартиени
садови, држете ја на око
микропечката поради
тоа што постои можност
да се запали.
•
Извадете ги металните
жички и/или дршки
на хартиените или
пластичните
ќеси
пред да ги ставите во
микропечката.
•
Ако забележите чад,
исклучете го апаратот
или, ако е безбедно,
извадете го приклучокот
од штекерот и оставете
ја вратата затворена
за да се задушат
евентуалните пламења.
1 Важни упатства за безбедноста и
заштитата на околината