Микробранова печка / Упатство за употреба
190 / MK
6 Упатства за приборот
Хартиени тањири
и чаши
Само за краткотрајно готвење/загревање. Не ја оставајте
микропечката без надзор додека готвите.
Салфети
Користете ги за да ја покриете храната што се подгрева и за
впивање на маснотиите. Постојано надѕирајте ги додека ги
користите само за краткотрајно готвење.
Хартија за печење Користете ја за покривање за да нема прскање или за
замотување за да нема пареа.
Пластика
Само безбедна за микропечка. Следете ги упатствата на
произведувачот. Треба да има ознака „За микропечка“. Некои
пластични садови омекнуваат бидејќи храната во нив станува
жешка. На „кесите за вриење“ и цврсто затворените пластични
кеси треба да направите процепи, дупчиња или отвори, како
што пишува на амбалажата.
Проѕирна фолија
Само безбедна за микропечка. Користете ја за покривање на
храната додека готвите за да се задржи влагата. Внимавајте
проѕирната фолија да не ја допира храната.
Термометри
Само безбедни за микропечка (термометри за месо и слатки).
Восочна хартија
Користете ја за покривање за да нема прскање и за да се
задржи влагата.
Материјали што не треба да се користат во микробранова печка
Алуминиумски сад Може да предизвика искри. Префрлете ја храната во сад за
микробранова употреба.
Картонска кутија
за храна со
метална рачка
Може да предизвика искри. Префрлете ја храната во сад за
микробранова употреба.
Прибор од метал
или со метален
раб
Металот ја штити храната од микробранова енергија.
Металниот раб може да предизвика искри.
Метални лентички
за подврзување
Може да предизвикаат искри и пламен во печката.
Хартиени кеси
Може да предизвикаат пламен во печката
Пластична пена
Пластичната пена може да се стопи или да ја контаминира
течноста внатре кога е изложена на висока температура.
Дрво
Дрвото ќе се исуши ако се користи во микробранова печка и
може да се расцепи или да напукне.