189 / MK
Микробранова печка / Упатство за употреба
6 Упатства за приборот
6.1 Материјали што може да се користат во микробранова
печка или што не треба да се користат во микробранова
печка
A
Опасност од физички повреди Опасно е некој друг освен стручно
лице да извршува некакво сервисирање или поправка што вклучува
отстранување на капак кој обезбедува заштита од изложеност на
микробранова енергија.
Видете ги упатствата во делот „Материјали што може да се користат во
микробранова печка или што не треба да се користат во микробранова печка“.
Некои неметални делови од кујнскиот прибор не се безбедни за употреба
во микробранова печка. Ако не сте сигурни, може да го тестирате приборот
следејќи ги долунаведените чекори.
Тестирање на приборот:
1. Наполнете еден сад за микробранова употреба со 1 чаша ладна вода (250ml)
заедно со приборот што сакате да го тестирате.
2. Гответе на максимална моќност 1 минута.
3. Внимателно допрете го приборот. Ако е топол, не го користете за готвење во
микробранова печка.
4. Не го пречекорувајте времето на готвење од 1 минута.
Материјали што може да се користат во микробранова печка
Прибор
Забелешки
Алуминиумска
фолија
Само за покривање. Со мали површини може да се покријат
тенки парчиња месо или пилешко за да не се препечат.
Може да се појават искри ако фолијата е премногу близу до
ѕидовите на печката. Фолијата треба да биде на растојание од
најмалку 2,5cm од ѕидовите на печката.
Тава за
микробранова
печка
Следете ги упатствата на произведувачот. Дното на тавата
за микрбранова опечка мора да биде најмалку 5mm над
вртливата плоча. При неисправна употреба вртливата плоча
може да се скрши.
Сервис за
ручавање
Само безбедна за микропечка. Следете ги упатствата
на произведувачот. Немојте да користите напукнати или
поткршени чинии.
Стаклени тегли
Секогаш вадете го капачето. Користете ги само за да ја
загреете храната. Повеќето стаклени тегли не се отпорни на
високи температури и може да се скршат.
Стаклени садови
Само стаклени садови отпорни на високи температури.
Не треба да имаат метални рабови. Немојте да користите
напукнати или поткршени чинии.
Кеси за готвење
во рерна
Следете ги упатствата на произведувачот. Не ги затворајте со
метална лента. Направете процепи за да излегува пареата.