28
MK
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Корисникот може сам да ги реши едноставните проблеми наведени подолу во текстот. Доколку не успеете да ги решите проблемите,
повикајте го секторот за услуги на одржување.
Уредот не работи
Проверете дали замрзнувачот е вклучен во струја;
Низок напон;
Недостаток на струја или искокнување на осигурувачот.
Миризба
Храната која испушта јаки мириси треба добро да се завитка;
Проверете дали храната е расипана;
Проверете дали е потребно да се исчисти внатрешноста на уредот.
Долготрајно работење на компресорот
Нормално е фрижидерот да работи подолго во текот на летото, кога
надворешната температура е повисока;
Не ставајте премногу храна одеднаш во замрзнувачот;
Не ставајте храна додека претходно не се олади;
Често отворање на вратата на фрижидерот.
Сијаличката не свети
Проверете дали фрижидерот е приклучен на струја;
Проверете дали сијаличката е оштетена.
Вратата на фрижидерот не се затвора на
соодветен начин
Амбалажата за храна ја блокира вратата на замрзнувачот;
Преголема количина на храна;
Фрижидерот е наведнат.
Гласни звуци
Проверете дали храната е изнивелирана и дали фрижидерот е урамнотежен;
Проверете дали деловите се поставени на соодветен начин.
Совети
• При работењето, особено во летните месеци, куќиштето
на фрижидерот може да емитува топлина настаната од
зрачењето на кондензаторот, што е вообичаена појава.
• Кондензација: кондензатот ќе се формира на надворешните
површини и на заптивките на вратата на замрзнувачот при
висока влажност во просторијата. Станува збор за нормална
појава, а кондензатот може да се избрише со сува крпа.
• Зуење: Во текот на работењето, компресорот ќе зуи, особено
при вклучување и исклучување.
СОВЕТИ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА
Обидете се да не ја отворате вратата на уредот премногу често,
особено при влажни и топли временски услови. Откако ќе ја
отворите вратата, затворете ја што е можно побрзо.
Повремено проверете дали просторот околу уредот е доволно
проветрен (дали циркулацијата на воздухот од уредот е
адекватна).
При нормални температурни вредности, поставете го
термостатот на средно ниво.
Пред да го наполните уредот со свежа храна, проверете дали
храната е оладена до собна температура.
Слоевите на лед и иње ја зголемуваат потрошувачката на
енергија, па затоа исчистете го уредот штом се формира слој
подебел од 3-5 mm.
Доколку во прашање е надворешен кондензатор, задниот дел на
уредот треба секогаш да биде исчистен од прашина и секакви
нечистотии.
• Уредот треба да се постави во најстудениот дел од
просторијата, подалеку од уреди кои создаваат топлина или
од грејни канали, како и од директни сончеви зраци.
• Пред да ја ставите во уредот, жешката храна оставете ја да се
олади. Преполнувањето на уредот го приморува компресорот
да работи подолго. Храната која се замрзнува премногу бавно
може да изгуби од квалитетот или да се расипе.
• Погрижете се, пред ставање во уредот, да ја завиткате храната
на соодветен начин и да ги избришете садовите така што ќе
бидат суви. На овој начин го редуцирате формирањето на иње
во внатрешноста на уредот.
• Садовите за складирање на храна во уредот не треба да
се обложуваат со алуминиумска фолија, хартија за печење
или хартиени салфетки. Материјалите кои се користат за
обложување влијаат врз циркулирањето на ладниот воздух,
што ја намалува ефикасноста на уредот.
• Организирајте ја и означете ја храната со што поретко би ја
отворале вратата и пократко би ја барале храната. Одеднаш
извадете сѐ што ви е потребно и што побрзо затворете ја
вратата.
Summary of Contents for RD2100M
Page 23: ...23 MK 1 2 3 4 5 6 8 7 8 9 10 11 1 10 cm 10 cm 30 cm...
Page 24: ...24 MK 2 5 6 7 8 9 3 A 4 45...
Page 25: ...25 MK 10 11 1 2 3 12 W D 902 1052mm W D...
Page 26: ...26 MK 24...
Page 27: ...27 MK Off Min Med MID Max Max Med 24...
Page 28: ...28 MK 3 5 mm...
Page 29: ...29 MK...
Page 44: ...tesla info...