27
MK
РАБОТЕЊЕ НА УРЕДОТ
Вклучување на уредот
Поставување на „Off“: Уредот е исклучен
Поставување на „Min“: Помала јачина на ладење
Поставување на „Med“ или „MID“: Нормално работење
(соодветно во повеќето ситуации)
Поставување на „Max“: Најсилно ладење
• При високи собни температури, на пр. во текот на жешките
летни денови, може да биде потребно термостатот да се
постави на најсилно ладење (позиција „Max“). Ова може да
доведе до непрекинато работење на компресорот со цел
одржување на ниска температура во уредот.
• При иницијалното поставување на уредот, копчето на
термостатот поставете го на „Med“. Пред да започнете со
внесување храна, оставете фрижидерот потполно да се олади.
Најдобро е да се почекаат 24 часа пред ставањето храна
во фрижидерот. Со копчето на термостатот се контролира
температурата.
Бучава во внатрешноста на уредот!
Можеби ќе забележите дека Вашиот уред создава одредени
необични звуци. Повеќето споменати звуци се нормални, но
потребно е да бидете свесни за нив!
Звуците настануваат при циркулирање на течното
средство за ладење во рамки на системот за ладење. Ова е
поизразена појава по воведувањето на гасови кои не содржат
хлорофлуоројаглероди (ХФЈ). Ова не претставува грешка и нема
да влијае врз работењето на Вашиот уред. Станува збор за звук
од работењето на моторот на компресорот при пумпање на
средството за ладење низ системот.
Совети за чување на храна во уредот
• Термички обработеното месо/риба треба секогаш да се
складира на полицата над сировото месо/риба како би се
избегнало расејување на бактерии. Сировото месо/риба
држете го во сад кој е доволно голем за да ги задржи соковите
од месото. Садот соодветно поклопете го и ставете го на
најниската полица.
• Оставете растојание помеѓу храната како би овозможиле
циркулирање на воздухот во уредот. Уверете се дека сите
делови на уредот се разладени.
• Како би спречиле пренесување на мириси и сушење,
храната засебно пакувајте ја или поклопувајте ја. Овошјето и
зеленчукот не е потребно да се завиткува.
• Храната која е претходно термички обработена секогаш
оставете ја да се олади пред да ја внесете во уредот. На тој
начин го помагате одржувањето на внатрешната температура
на уредот.
• Како би го спречиле губењето на ладен воздух од уредот,
обидете се да го ограничите бројот на отворања на вратата. Ви
препорачуваме вратата да ја отворате само кога е потребно
да ставите храна во уредот или да ја извадите од него.
Замена на сијалички
Замената на сијаличките треба да ја изврши стручно лице.
ЧИСТЕЊЕ
Одмрзнување
ИМАЈТЕ ПРЕДВИД ДЕКА ОВОЈ УРЕД НЕ ПОСЕДУВА
АВТОМАТСКИ СИСТЕМ ЗА ОДМРЗНУВАЊЕ.
Чистење на внатрешноста и
надворешноста на уредот
• Отстранете ги сите полици и фиоката за салати. За да ја
отстраните фиоката за салати, најпрво отстранете ја најниската
полица на вратата.
• Внатрешноста на уредот избришете ја со слаб раствор од
сода бикарбона, а потоа измијте ја со топла вода со помош на
сунѓер или крпа што може да се исцеди. Пред повторно да ги
поставите полиците и фиоката за салати, избришете ги така да
бидат потполно суви.
• За чистење на надворешноста користете влажна крпа, а потоа
избришете со стандардно средство за полирање на мебел.
Уверете се дека вратата е затворена како би спречиле контакт
на средството за полирање со магнетната заптивка на вратата
или со внатрешноста на уредот.
• Решетките на кондензаторот на задниот дел на уредот и
околните компоненти може да ги вшмукате со помош на
додаток во облик на мека четка.
Совети за чистење
На надворешноста од уредот може да дојде до формирање
на кондензат. Причина за тоа може да биде промената на
вредностите на собната температура. Избришете ги влажните
делови. Доколку проблемот продолжи, обратете се за помош кај
квалификувано техничко лице.
ОДРЖУВАЊЕ
Замена на внатрешното осветлување
Замената на сијаличките треба да ја изврши стручно лице.
Внимателност при ракување /
пренесување на Вашиот уред
При пренесување, уредот придржувајте го за страничните
делови или за основата. Во никој случај уредот не треба да се
подигнува држејќи го за краевите на горната површина.
Сервисирање
Сервисирањето на уредот треба да го изврши овластено
техничко лице, кое притоа ќе користи исклучиво оригинални
резервни делови. Поправките на уредот во никој случај не ги
вршете сами. Поправките кои ги врши лице без искуство може
да резултираат со повреди или сериозни оштетувања. Обратете
се кај квалификувано техничко лице.
Исклучување на уредот во текот на
подолги временски периоди
Кога уредот не го употребувате во текот на подолг временски
период, исклучете го од струја, испразнете го и исчистете го, а
вратата делумно отворете ја како би спречиле создавање на
непријатна миризба.
Summary of Contents for RD2100M
Page 23: ...23 MK 1 2 3 4 5 6 8 7 8 9 10 11 1 10 cm 10 cm 30 cm...
Page 24: ...24 MK 2 5 6 7 8 9 3 A 4 45...
Page 25: ...25 MK 10 11 1 2 3 12 W D 902 1052mm W D...
Page 26: ...26 MK 24...
Page 27: ...27 MK Off Min Med MID Max Max Med 24...
Page 28: ...28 MK 3 5 mm...
Page 29: ...29 MK...
Page 44: ...tesla info...