до
да
то
к
Отстранување проблеми
Пред да контактирате сервисен центар, разгледајте ги долунаведените проблеми и решенија. Доколку ниедно
од дадените решенија не ви е од помош, посетете ја нашата веб-страница www.samsung.com или јавете се
во центарот за грижа на корисници на Samsung. Имајте предвид дека ќе ви бидат наплатени сите повици во
сервисниот центар без разлика дали ќе бидат откриени дефекти.
Проблеми
Решенија
Правосмукалката не
работи.
•
Проверете го нивото на батеријата и наполнете ја батеријата.
•
Проверете дали производот е исклучен и притиснете го копчето за напојување
за да го вклучите.
•
Проверете дали цевката, кантичката за прав или четката е блокирана.
•
Проверете дали микрофилтерот што може да се мие е правилно вметнат.
•
Доколку правосмукалката не се користела подолг временски период, наполнете
ја батеријата.
•
Ако батеријата престане да функционира, заменете ја.
Силата на вшмукување
одеднаш се намалува,
а правосмукалката
испушта звук на
вибрирање.
•
Проверете дали четката, кантичката за прав или цевката е затната со
надворешни честички и отстранете ги.
•
Проверете дали цевката, кантичката за прав е целосно наполнета со прав.
Доколку е, испразнете ја кантичката.
•
Проверете дали филтерот е валкан. Доколку е, исчистете го филтерот.
Правосмукалката не се
полни.
•
Проверете дали држачот за на ѕид е приклучен на извор на напојување со ист
напон како тој назначен на држачот за на ѕид.
•
Проверете дали правосмукалката е вклучена и потоа проверете дали е вклучена
LED светилката на индикаторот за ниво на наполнетост на батеријата.
•
Проверете дали има надворешни честички (прав) на контактите за полнење.
Отстранете ги надворешните честички со памучна чепкалка или мека ткаенина.
Ротирачката
четка (барабан) во
внатрешноста на
четката не работи.
•
Кога ќе се вклучи приказот за заглавена ротирачка четка, исклучете ја
правосмукалката и проверете дали четката е затната со надворешни честички.
Доколку е затната, отстранете ги надворешните честички и рестартирајте ја
правосмукалката.
•
Проверете дали правосмукалката е вклучена, а потоа исклучете ја и повторно
вклучете ја.
–
За меката четка и мократа четка, ако работи уредот за спречување
прегревање на моторот на четката, може да требаат 30 минути за да се излади
моторот.
Од одводот за воздух
или од филтерот на
правосмукалката
излегува непријатен
мирис.
•
Често празнете ја кантичката за прав и чистете ги филтрите.
–
Бидејќи вашата правосмукалка е нов производ, таа може да испушта одреден
мирис во првите 3 месеци по купувањето.
–
Доколку често ја користите правосмукалката, наталожениот прав во
кантичката за прав или правот наталожен на филтерот може да создаде
мирис.
•
Филтри за замена можете да најдете кај вашиот локален сервисер од Samsung.
Чистењето е завршено,
но од четката
излегуваат мали
честички прав.
•
Откако ќе завршите со чистењето, вклучете ја правосмукалката во траење од 10
секунди или подолго за да ги вшмукате малите честички прав.
Македонски
13
VS7000_13ge_00837D-02_GE.indb 13
2020-09-10 오후 11:34:09