до
да
то
к
•
При претерана употреба или
екстремни температурни услови, може
да дојде до протекување на батеријата.
Доколку течноста ви ја допре кожата,
брзо измијте ја со вода. Доколку
течноста ви навлезе во очи, веднаш
почнете да ги плакнете со чиста вода,
најмалку 10 минути. Побарајте помош
од медицинско лице.
•
За да го заштити моторот и батеријата,
правосмукалката може да не работи
кога температурата е пониска од 5 °C
или повисока од 45 °C.
Ракување
ЗАБЕЛЕШКА
•
Доколку на четката се примени
прекумерна сила или надворешни
честички се заплеткани во ротирачката
четка (барабан), четката може да
престане да работи за да го заштити
моторот или правосмукалката.
Исклучете ја правосмукалката,
отстранете ги надворешните честички
и потоа вклучете ја правосмукалката.
Доколку правосмукалката не се
вклучува, исклучете ја и повторно
вклучете ја.
•
Статички електрицитет може да
се појави во зависност од влагата,
температурата или материјалот од
кој е изработен подот итн. во вашиот
дом. Ако тоа се случува постојано,
контактирајте сервисен центар на
Samsung.
•
Батеријата наполнете ја целосно:
–
Кога се користи за првпат по
купувањето или ако не сте ја
користеле подолг временски период.
–
Кога индикаторот за наполнетост
на батеријата е на најниско ниво и
трепка.
•
Доколку не планирате да ја користите
правосмукалката подолг временски
период или нема да бидете дома
подолго време, исклучете го држачот
за на ѕид од напојувањето и извадете ја
батеријата од држачот за на ѕид. Кога
батеријата не се полни и не се користи,
таа со текот на времето ќе се испразни.
•
Кога нивото на батеријата е ниско,
наполнете ја батеријата. Доколку
нивото на батеријата остане
ниско подолг временски период,
перформансите на батеријата може да
се намалат.
•
Чистете ја мократа влошка за повеќе
употреби на мократа четка нежно со
раце или со сапун за перење.
•
Ако мократа влошка е изложена на
топлина или на омекнувач, може да
се модифицира и може да се намалат
перформансите на производот.
•
Мократа влошка за повеќе употреби
може да се пере во машина. Меѓутоа,
ако машината се постави на вриење,
влошката може да се модифицира
или да избледи и може да се намалат
перформансите на производот.
•
Користете оригинална мокра влошка
од Samsung Electronics за мократа
четка.
Македонски
11
VS7000_13ge_00837D-02_GE.indb 11
2020-09-10 오후 11:34:09