Македонски
33
Водич за г
отвење
Совети и трикови
Топење путер
Ставете 50 g путер во мал длабок стаклен сад. Покријте со пластичен капак. Загревајте 30-40 секунди со
јачина од 850 W, додека путерот не се истопи.
Топење чоколадо
Ставете 100 g чоколадо во мал длабок стаклен сад. Загревајте 3-5 минути со јачина од 450 W додека
чоколадото не се истопи. Промешајте еднаш или двапати за време на топењето. Употребете ракавици при
вадењето!
Топење кристализиран мед
Ставете 20 g кристализиран мед во мал длабок стаклен сад. Загревајте 20-30 секунди со јачина од 300 W
додека медот не се истопи.
Топење желатин
Потопете ги листовите сув желатин (10 g) 5 минути во ладна вода. Ставете го исцедениот желатин во мал
длабок стаклен огноотпорен сад. Загревајте 1 минута со јачина од 300 W. Промешајте после топењето.
Подготвување глазура/прелив (за колачи и торти)
Помешајте инстант глазура (околу 14 g) со 40 g шеќер и 250 ml ладна вода. Гответе непокриено во стаклен
огноотпорен сад од 3½ до 4½ минути со јачина од 850 W, додека глазурата/преливот не стане проѕирен(а).
Промешајте двапати додека готвите.
Подготвување џем
Ставете 600 g овошје (на пример мешано) во соодветно голем стаклен огноотпорен сад со капак.
Додадете 300 g шеќер и промешајте добро. Гответе покриено приближно 10-12 минути со јачина од 850 W.
Промешајте неколку пати додека готвите. Истурете директно во мали тегли со капак. Затворете по 5 минути.
Подготвување пудинг
Измешајте ја смесата со шеќер и млеко (500 ml) следејќи го упатството на производителот и добро
промешајте. Употребете погоден стаклен огноотпорен сад со капак. Гответе покриено од 6½ до 7½ минути
со јачина од 850 W. Промешајте неколку пати додека готвите.
Печење бадеми
Распоредете рамномерно 30 g исечкан бадем на керамички сад со средна големина. Промешајте неколку
пати за време на печењето од 3½ до 4½ минути со јачина од 600 W. Оставете да отстојат 2-3 минути во
печката. Употребете ракавици при вадењето!
MG22M8054AK_OL_DE68-04445G-01_MK.indd 33
2017-11-29 5:15:35
Summary of Contents for MG22M8054A Series
Page 38: ...Бележка MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_BG indd 38 2017 11 29 5 16 31 ...
Page 39: ...Бележка MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_BG indd 39 2017 11 29 5 16 31 ...
Page 118: ...Белешки MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_MK indd 38 2017 11 29 5 15 35 ...
Page 119: ...Белешки MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_MK indd 39 2017 11 29 5 15 35 ...
Page 159: ...Notă MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_RO indd 39 2017 11 29 5 15 16 ...
Page 199: ...Shënime MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_SQ indd 39 2017 11 29 5 14 39 ...
Page 239: ...Beleška MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_SR indd 39 2017 11 29 5 14 20 ...
Page 279: ...Beležka MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_SL indd 39 2017 11 29 5 14 56 ...
Page 318: ...Memo MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_EN indd 38 2017 11 29 5 16 12 ...
Page 319: ...Memo MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_EN indd 39 2017 11 29 5 16 12 ...