Македонски
7
Безбедносни инструкции
Не употребувајте ja печката кога е празна. Печката автоматски ќе се исклучи по 30 минути заради
безбедносни причини. Ви препорачуваме постојано да ставате чаша со вода во печката за апсорбирање на
микробрановата енергија доколку печката случајно се активира.
Инсталирајте ја печката во согласност со слободниот простор наведен во ова упатство. (погледнете го
делот за инсталирање на микробрановата печка.)
Бидете внимателни при приклучувањето на останатите електрични уреди во штекер во близина на печката.
Мерки на претпазливост за ракување со микробрановата печка
Непридржувањето кон следните безбедносни мерки може да доведе до штетно изложување на
микробранова енергија.
• Печката не треба да се користи со отворена врата. Не чепкајте ги безбедносните брави (шарките од
вратата). Не ставајте ништо во отворите на безбедносните брави.
• Не поставувајте предмети помеѓу вратата на печката и предниот дел и не дозволувајте да има храна
или талог на делот за затворање. Чистете ги вратата и површините за затворање по секоја употреба,
бришејќи ги со влажна крпа, а потоа со мека и сува крпа.
• Не користете ја печката доколку е оштетена. Продолжете да ја користите само откако ќе ја поправи
квалификувано техничко лице.
Важно
: вратата на печката мора да биде правилно затворена. Вратата не смее да биде свиткана;
шарките на вратата не смеат да бидат скршени или лабави; површините за затворање на вратата и
печката не смеат да бидат оштетени.
• Сите прилагодувања или поправки мора да ги врши квалификувано техничко лице.
Ограничена гаранција
Samsung ќе наплати дополнителна сума за замена на галантерија или поправка на козметички дефект,
доколку оштетувањето на уредот или галантеријата било предизвикано од страна на корисникот. Во оваа
клаузула спаѓа:
• Вдлабнатини, гребаници или кршење на вратата, рачките, надворешната плоча или контролната
плоча.
• Скршен или отстранет сад, прстени за насочување, спојница или решетка за печење.
Оваа печка треба да се употребува само за наменетата функција како што е опишано во ова упатство.
Предупредувањата и важните безбедносни инструкции во ова упатство не ги опфаќаат сите околности
и ситуации кои може да настанат. Ваша одговорност е да постапувате разумно и да внимавате при
инсталирањето, одржувањето и употребата на вашата печка.
Бидејќи следните инструкции за користење опфаќаат различни модели, карактеристиките на вашата
микробранова печка можат малку да се разликуваат од оние опишани во ова упатство и можно е некои
предупредувања да не бидат релевантни. Доколку имате прашања или одредени грижи, обратете се во
локалниот сервисен центар на Samsung или побарајте помош и информации преку интернет од www.
samsung.com.
Користете ја оваа печка само за загревање на храна. Таа е наменета само за домашна употреба. Не
загревајте никаков вид на текстил или перничиња полни со зрнца. Производителот не може да се смета
како одговорен за оштетувања предизвикани од несоодветна или неправилна употреба на печката.
За да спречите оштетување на површината на печката и опасни ситуации, печката треба постојано да се
чисти и добро да се одржува.
MG22M8054AK_OL_DE68-04445G-01_MK.indd 7
2017-11-29 5:15:29
Summary of Contents for MG22M8054A Series
Page 38: ...Бележка MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_BG indd 38 2017 11 29 5 16 31 ...
Page 39: ...Бележка MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_BG indd 39 2017 11 29 5 16 31 ...
Page 118: ...Белешки MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_MK indd 38 2017 11 29 5 15 35 ...
Page 119: ...Белешки MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_MK indd 39 2017 11 29 5 15 35 ...
Page 159: ...Notă MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_RO indd 39 2017 11 29 5 15 16 ...
Page 199: ...Shënime MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_SQ indd 39 2017 11 29 5 14 39 ...
Page 239: ...Beleška MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_SR indd 39 2017 11 29 5 14 20 ...
Page 279: ...Beležka MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_SL indd 39 2017 11 29 5 14 56 ...
Page 318: ...Memo MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_EN indd 38 2017 11 29 5 16 12 ...
Page 319: ...Memo MG22M8054AK_OL_DE68 04445G 01_EN indd 39 2017 11 29 5 16 12 ...