15
МАКЕДОНСКИ
ПОСТАВУВАЊЕ НА АВТОМАТСКО ЗАБРЗАНО
ОДМРЗНУВАЊЕ
Во следната табела се претставени разните програми за автоматско забрзано
одмрзнување, количините, времињата на стоење и соодветните препораки.
Пред одмрзнувањето отстранете ги сите материјали за пакување. Ставете го
месото, живината, рибата и лебот/питата на рамна керамичка чинија.
Код/Храна
Порција
Време на
стоење
Препораки
1. Месо
200-1500 g
20-60 мин.
Покријте со алуминиумска фолија. Завртете
го месото кога печката ќе емитува "бип" звук.
Овој програм е погоден за телешко, јагнешко,
свинско месо, стекови, кременадли и мелено
месо.
2. Живина
200-1500 g
20-60 мин.
Покријте ги краевите на батаците и крилата со
алуминиумска фолија. Завртете ја живината
кога печката ќе емитува "бип" звук. Овој
програм е погоден за цела кокошка и парчиња
од кокошка.
3. Риба
200-1500 g
20-50 мин.
Заштитете ја опашката на целата риба со
алуминиумска фолија. Завртете ја рибата кога
печката ќе емитува "бип" звук. Овој програм е
погоден за цели риби или филети.
4. Леб/пита
125-625 g
5-20 мин.
Лебот ставете го на парче хартија за кујна и
завртете го откако печката ќе емитува "бип"
звук. Питата поставете ја на керамичка чинија
и доколку е можно превртете ја откако печката
ќе емитува "бип" звук. (Печката ќе престане
да работи откако ќе се отвори вратата.)
Овој програм е погоден за сите видови леб,
исечен на парчиња или цел, како и за багет.
Поставете ги парчињата леб во круг. Овој
програм е погоден за сите пити со квасец,
бисквит торта и лиснато тесто. Не е погоден
за крцкави колачи, торти со овошје и крем,
како и за торти со чоколаден прелив.
Изберете ја функцијата за рачно одмрзнување на храна со ниво
на јачина од 180 W доколку сакате рачно да одмрзнувате храна.
За дополнителни детали околу рачното одмрзнување и времето на
одмрзнување погледнете на страница 30.
УПОТРЕБА НА ФУНКЦИЈАТА ЗА АВТОМАТСКО
ЗАБРЗАНО ОДМРЗНУВАЊЕ
Функцијата за автоматско забрзано одмрзнување ви овозможува
одмрзнување на месо, живина, риба и леб/пита. Времето на
одмрзнување и нивото на јачина се поставуваат автоматски.
Вие едноставно го бирате програмот и тежината.
Користете само садови кои можат безбедно да се користат во
микробранова печка.
Прво, поставете ја замрзнатата храна на средина од плочата и
затворете ја вратата.
1.
Изберете го видот на храната што ја готвите
со притиснување на копчето за
Забрзано
одмрзнување
( ) еднаш или повеќе пати.
(Користете ја табелата на наредната страница)
2.
Изберете ја тежината на храната со
притиснување на копчињата ( ) и ( ).
Можно е да поставите максимум 1500 g
3.
Притиснете го копчето .
Резултат :
• Одмрзнувањето започнува.
• Печката ќе емитува "бип" звук
на половина од времето за одмрзнување за да ве
потсети да ја завртите храната.
• Притиснете го повторно копчето за да се заврши
одмрзнувањето.
Исто така можно е и рачно одмрзнување на храната. За таа цел,
изберете ја функцијата за готвење/подгревање со ниво на јачина
од 180W. Погледнете во поглавјето “Готвење/подгревање” на
страница 11 за дополнителни детали.
GS89F_BOL_03817F-MK.indd 15
2011-02-14 1:36:31