Македонски - 29
06
ВОДИЧ
ЗА
г
О
ТВЕЊЕ
Храна
Порција Напојување Време
(мин.)
Време на
стоење
(мин.)
Инструкции
Супа
(ладна)
250 g
800 W
3-3½
2-3
Истурете ја во длабок керамички
сад. Покријте со пластичен капак.
Промешајте добро по загревањето.
Промешајте повторно пред
сервирањето.
Варена
храна
(ладна)
350 g
600 W
5½-6½
2-3
Ставете го варивото во длабока
керамичка чинија. Покријте со
пластичен капак. Промешувајте
повремено за време на готвењето
и повторно пред да отстои и да
сервирате
Тестенини
со сос
(ладни)
350 g
600 W
4½-5½
3
Ставете тестенини (на пр. шпагети
или фиде) на плитка керамичка
чинија. Покријте со фолија за
микробранови печки. Промешајте
пред сервирање.
Полнети
тестенини
со сос
(ладни)
350 g
600 W
5-6
3
Ставете полнети тестенини (како
равиоли, тортелини) во длабока
керамичка чинија. Покријте со
пластичен капак. Промешувајте
повремено за време на готвењето
и повторно пред да отстои и да
сервирате.
Оброк во
чинија
(ладeн)
350 g
600 W
5½-6½
3
Ставете оброк од 2-3 ладни
состојки на керамичка
чинија. Покријте со фолија за
микробранови печки.
РАЧНО ОДМРЗНУВАЊЕ
Микробрановите се идеални за одмрзнување на храна. Тие постепено
ја одмрзнуваат храната за краток временски период. Ова е голема
предност доколку ненадејно ви дојдат гости.
Замрзнатата живина треба целосно да се одмрзне пред готвењето.
Отстранете ги сите метални прицврстувачи и врвци за да се овозможи
водата да истече.
Ставете ја замрзнатата храна во сад без капак. Завртете ја живината
на половина од времето, истурете ја течноста и отстранете ги
внатрешните делови што побрзо.
Повремено проверувајте ја храната за да не се загрее.
Ако помалите и потенки парчиња од замрзнатата храна почнат да се
загреваат, можете да ги завиткате во алуминиумска фолија за време
на одмрзнувањето.
Ако живината почне да се загрева однадвор, престанете со
одмрзнувањето и оставете ја да отстои 20 минути пред да
продолжите.
Оставете ги рибата, месото и живината да отстојат за да се одмрзнат
целосно. Времето потребно храната да отстои се менува во зависност
од количината. Ве молиме погледнете во табелата.
Совет:
Тенко исечената храна се одмрзнува подобро од
дебелите парчиња и малите количини се одмрзнуваат
подобро од големите. Запомнете го ова кога
замрзнувате или одмрзнувате храна.
За одмрзнување на замрзната храна со температура од околу -18 до
-20 °C, употребете ја следната табела како упатство.
FG87SST_BOL_DE68-03132X-04_BG+HR+MK+RO+SQ+SR+SL+EN.indb 29
2017-12-06 5:04:01