
80
Mak
Македонски
l) Кај лицата што стојат во близина внимавајте на тоа да
се почитува безбедно растојание од вашиот делокруг на
работа. Секој што ќе пристапи во делокругот на работа,
мора да носи опрема за лична заштита.
Можат да се
разлетаат парчиња од материјалот кој што се обработува или
пак скршени дијамантни дискови за сечење можат да летнат и
да предизвикаат повреди и надвор од директното подрачје на
работење.
m) Држете го електричното орудие исклучиво за
изолираните површини за држење за време на операции
кај кои што дијамантниот диск за сечење може да дојде
во контакт со сокриени струјни водови или со сопствениот
мрежен кабел.
Контакт со жица под напон исто така ќе направи
проводници од металните делови и оној кој ракува со алатот ќе
доживее струен удар.
n) Мрежниот кабел држете го настрана од дијамантните
дискови за сечење кои што се вртат.
Доколку ја изгубите
контролата врз апаратот, мрежниот кабел може да биде
пресечен или зафатен и Вашата рака или дланка може да биде
повлечена во дијамантниот диск за сечење кој што се врти.
o) Никогаш не го оставајте го електро-орудието, сé
додека дијамантниот диск за сечење не постигне состојба
на комплетно мирување.
Дијамантниот диск за сечење кој
што се врти може да дојде во контакт со површината на која што
се остава и на тој начин можете да ја изгубите контролата врз
електро-орудието.
p) Не оставајте го електро-алатот да работи додека го
носите.
Вашата облека може да биде закачена преку случаен
контакт со дијамантниот диск за сечење што се врти при што
дијамантниот диск за сечење може да се забоде во Вашето тело.
q) Редовно чистете го отворот за проветрување на
вашиот електро-алат.
Вентилаторот на моторот влече
прашина во куќиштето, а големо насобирање на метална
прашина може да предизвика електрични опасности.
r) Не употребувајте го електро-алатот во близина на
материјали што горат.
Таквите материјали можат да се
запалат од искри.
s) Не употребувајте дијамантни дискови за сечење за кои
што се потребни течни средства за ладење.
Употребата на
вода или на други течни средства за ладење може да доведе до
електричен удар.
t) Не употребувајте прибор што не е предвиден и
препорачан од производителот специјално за овој
електро-алат.
Доколку извесен прибор можете да го
прицврстите на вашиот електричен алат, тоа не претставува
гаранција за сигурно употреба.
Повратен удар и референтни безбедносни упатства
Повратниот удар претставува неочекувана реакција како
последица на заглавен или блокиран дијамантен диск за
сечење. Заглавувањето или блокирањето доведува до
непосредно застанување на ротирачкиот дијамантен диск
за сечење. На тој начин неконтролираното електро-орудие
се забрзува во спротивна насока од насоката на вртење на
дијамантниот диск за сечење во точката на блокирање.
Доколку на пример дијамантен диск за сечење е заглавен
или блокиран во работниот материјал, тогаш работ на
дијамантниот диск за сечење што навлегува во работниот
материјал може да се закачи и на тој начин може да дојде
до излетување на дијамантниот диск за сечење или да биде
предизвикан повратен удар. Во таков случај дијамантниот диск
за сечење се движи или кон корисникот или од корисникот
во спротивен правец, во зависност од правецот на вртење на
дијамантниот диск за сечење во точката на блокирање. Притоа
дијамантните дискови за сечење можат и да се скршат.
Повратен удар претставува последица од погрешна или
неисправна употреба на електро-алатот. Тој може да биде
избегнат со соодветни мерки на претпазливост, како што се
опишани подолу.
a) Држете го електро-алатот цврсто и поставете ги
вашето тело и вашите раце во позиција, со која ќе можете
да дадете отпор на силите од повратиот удар. Секогаш
употребувајте ја додатната рачка, доколку постои, за
да можете да имате максимална можна контрола над
силите од повратниот удар или на моментите на реакција
при пуштање во работа.
Операторот може да ги контролира
силите на повратниот удар и реакционите сили со преземање
соодветни мерки на претпазливост.
b) Никогаш не ја држите раката во близина на
дијамантни дискови за сечење што се вртат.
Во случај
на повратен удар дијамантниот диск за сечење може да биде
исфрлен и да се раздвижи врз вашата рака.
c) Избегнувајте, со Вашето тело да се движите во
подрачјето во кое што дијамантниот диск за сечење би
се придвижил во случај на повратен удар.
Повратниот
удар го насочува електро-орудието во спротивен правец од
движењето на дијамантниот диск за сечење на местото на
блокирање.
d) Работете особено внимателно кај агли, остри рабови
итн. Спречувајте ситуации, во кои што дијамантните
дискови за сечење се одбиваат од работниот материјал
или се заглавуваат во него.
Кај агли, остри рабови или во
случај на одбивање од работниот материјал, ротирачкиот
дијамантен диск за сечење е склон да се заглавува. Тоа
предизвикува губење на контролата или повратен удар.
e) Не употребувајте лист за пилење со ланци или
запчаници.
Таквите орудија за примена честопати
предизвикуваат повратен удар или губење на котролата врз
електро-орудието.
Посебни напомени за безбедност во однос на
дијамантското брусење заради сечење:
a) Употребувајте исклучиво дијамантски дискови за
сечење кои што се наменети за работни постапки на
сечење.
b) Не употребувајте изабени дијамантни дискови за
сечење од поголеми електро-орудија.
Дијамантните
дискови за сечење за поголеми електро-орудија не се наменети
за повисоките броеви на вртежи кај помалите електро-орудија и
можат да се скршат.
Summary of Contents for DEC 125
Page 3: ...1 6 115 mm 125 mm 4 5 1 2 2 3 1 7 2 1 2 1...
Page 4: ...2 1 2 1 10 12 A B A AS 2 250 4931 4472 95 B AS 300 500 4931 4472 94 11 8 1 9 2 2...
Page 40: ...38 EL l m n o p q r s t a b c d e a b a...
Page 73: ...71 P k l m n o p q r s t a b c d e a b...
Page 76: ...74 l m n o p q r s O a b c O d e C c a b a b B c...