48 МАКЕДОНСКИ
За европските земји
ВНИМАНИЕ:
•
Прстенот со надворешен дијаметар од 30 мм
е фабрички монтиран помеѓу внатрешната и
надворешната фланша.
•
Површината на фланшата не треба да има
прав или друг леплив материјал затоа што
може да предизвика лизгање на сечилото.
Проверете дали сечилото е монтирано така
што запците се подредени во насоката на
сечењето (вртењето).
За да го прицврстите сечилото, држете ја
надворешната фланша со рачниот клуч, а потоа
стегнете ја шестоаголната навртка вртејќи надесно.
УВЕРЕТЕ СЕ ДЕКА ЦВРСТО СТЕ ЈА СТЕГНАЛЕ
ШЕСТОАГОЛНАТА ФЛАНША.
►
Сл.19:
1.
Клуч
2.
Клуч
ВНИМАНИЕ:
•
Внимателно држете го шестоаголната
завртка со клучот. Ако клучот Ви се лизне,
клучот може да се отпушти од шестоаголната
навртка и можете да ја удрите раката во
острите рабови од сечилото.
Монтирање на штитникот за
сечилото
►
Сл.20:
1.
Штитник за сечило
2.
Нож за цепење
3.
Дел за монтирање на штитникот за
сечилото (статичен)
►
Сл.21:
1.
Штитник за сечило
2.
Нож за цепење
ВНИМАНИЕ:
•
Пред монтирање на штитникот за сечилото,
поставете ја длабочината на засекот на
максималното издигнување.
За неевропски тип штитник за
сечило
Извадете го централниот капак. Ставете го ножот за
цепење во положба за монтирање на штитникот на
сечилото (исправено). Стегнете ги шестоаголните
завртки (A) со приложениот клуч.
За европски тип штитник за сечило
►
Сл.22:
1.
Штитник за сечило
2.
Нож за цепење
►
Сл.23:
1.
Штитник за сечило
2.
Нож за цепење
Извадете го централниот капак. Ставете го ножот за
цепење во положба за монтирање на штитникот на
сечилото (исправено). Стегнете ги шестоаголните
завртки (A) со приложениот клуч.
Ставете го штитникот за сечилото во жлебот од
ножот за цепење. Прицврстете го штитникот за
сечилото со вртење на рачката на штитникот за
сечилото.
За европски и неевропски тип
штитници за сечило
Положбата за монтирање на ножот за цепење е
фабрички приспособена така што сечилото и ножот
за цепење да бидат порамнети во права линија.
Меѓутоа, ако не се во права линија, одвртете
ги шестоаголните завртки (Б) и приспособете ја
положбата за монтирање на штитникот за сечилото
(исправено) така што ножот за цепење да се наоѓа
директно зад сечилото. Стегнете ги шестоаголните
завртки (Б) за да ја прицврстите положбата.
►
Сл.24:
1.
Сечило
2.
Овие две растојанија треба
да бидат еднакви.
3.
Дел за монтирање
на штитникот за сечилото (статичен)
4.
Нож за цепење
5.
Шестоаголни завртки
(А)
6.
Шестоаголни завртки (Б)
ВНИМАНИЕ:
•
Ако сечилото и ножот за цепење не се правилно
порамнети, може да дојде до опасно заглавување
при работата. Внимавајте да бидат правилно
порамнети. Ако користите алат со неправилно
поставен нож за цепење, може да дојде до
сериозни повреди.
•
НИКОГАШ не правете никакви нагодувања
додека алатот работи. Исклучете го алатот
пред да вршите некакви нагодувања.
•
Не вадете го ножот за цепење.
►
Сл.25:
1.
Штитник за сечило
2.
Нож за цепење
Помеѓу ножот за цепење и запците од сечилото
мора да има растојание од околу 4 - 5 мм.
Олабавете ги шестоаголните завртки (A) и стегнете
го ножот за цепење соодветно, а потоа стегнете
ги цврсто шестоаголните завртки (A). Ставете го
додатокот за маса на масата, а потоа проверете
дали штитникот за сечилото правилно работи пред
да почнете со сечење.
Ставање и нагодување на
надолжниот граничник
►
Сл.26:
1.
Рачка
Монтирајте го надолжниот граничник така
што држачот за граничникот да се прикачи во
најблиската водилка на шината.
За да го прицврстите надолжниот граничник,
целосно свртете го лостот на држачот за
граничникот.
За да проверите и да се уверите дека надолжниот
граничник е паралелен со сечилото, прицврстете
го надолжниот граничник на 2-3 мм од сечилото.
Подигнете го сечилото на максимална височина.
Обележете еден од запците на сечилото со
креда. Измерете го растојанието (А) и (Б) помеѓу
надолжниот граничник и сечилото. Измерете ги
двете растојанија од забецот што го означивте со
креда. Овие две растојанија треба да бидат еднакви.
Ако надолжниот граничник не е паралелен со
сечилото, направете го следново:
►
Сл.27:
1.
Линијар
►
Сл.28:
1.
Шестоаголни завртки
1. Прицврстете го надолжниот граничник
спуштајќи го лостот на него.