43
МАКЕДОНСКИ
Прилагодување на паралелност
Ова прилагодување е направено фабрички. Но ако
е изместено, можете да го прилагодите со следнава
постапка.
1.
Осигурете се сите рачки и завртки да се
стегнати. Малку олабавете ја прикажаната завртка.
2.
Додека го отворате долниот заштитник,
поместете го задниот дел на основата, така што
растојанието на А и В да биде еднакво.
3.
Стегнете ги завртките и пробно исечете за да ја
проверите паралелноста.
►
Сл.24:
1.
Завртка
Прилагодување прецизност на
засек од 0°
Ова прилагодување е направено фабрички. Но ако
е изместено, можете да го прилагодите со следнава
постапка.
1.
Малку олабавете ја рачката и стезната завртка
однапред и одназад на алатот.
2.
Направете ја основата рамна на сечилото со
помош на триаголен или правоаголен линијар, така
што ќе ја свртите завртката за нагодување.
►
Сл.25:
1.
Триаголен линијар
2.
Завртка за
нагодување
3.
Стегнете ја рачката и клемастата завртка и
пробно исечете за да ја проверите вертикалноста.
Замена на карбонските четкички
►
Сл.26:
1.
Гранична ознака
Редовно проверувајте ги карбонските четкички.
Заменете ги кога ќе се истрошат до граничната
ознака. Одржувајте ги карбонските четкички
чисти за да влегуваат во држачите непречено.
Двете карбонски четкички треба да се заменат
истовремено. Користете само идентични карбонски
четкички.
1.
Извадете ги капачињата на држачите на
четкичките со одвртка.
2.
Извадете ги истрошените карбонски четкички,
вметнете ги новите и стегнете ги капачињата на
држачите на четкичките.
►
Сл.27:
1.
Држач на четкичка
За да се одржи БЕЗБЕДНОСТА и СИГУРНОСТА
на производот, поправките, одржувањата или
дотерувањата треба да се вршат во овластени
сервисни или фабрички центри на Makita, секогаш
со резервни делови од Makita.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството.
Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Сечило на циркуларната пила
•
Надолжен потпирач (шина-водилка)
•
Имбус-клуч
•
Распрскувач на прав
•
Шина-водилка
•
Водилка за косина
•
Стега
•
Подлога
•
Гумена подлога
•
Подлога за положба
•
Адаптер за шина-водилка
•
Линијар
•
Држач
НАПОМЕНА:
Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.