40
МАКЕДОНСКИ
8.
Не сопирајте ги сечилата со латерален
притисок врз сечилото на пилата.
9.
Не користете никакви абразивни тркала.
10.
Користете само сечило на пила со
дијаметар што е означен на алатот или
назначен во прирачникот.
Употребата на
сечило со неправилни димензии може да
влијае врз правилната заштита или работењето
на сечилото или заштитникот, што може да
резултира со тешка телесна повреда.
11.
Чувајте го сечилото остро и чисто.
Наслагите и дрвените отпадоци кои остануваат
залепени на сечилото, ја забавуваат пилата и
го зголемуваат потенцијалот за повратен удар.
Одржувајте го сечилото чисто прво вадејќи го
од алатот, потоа чистејќи го со отстранувач
на наслаги, врела вода или керозин. Никогаш
немојте да користите бензин.
12.
При користење на алатот, носете заштитна
маска за прашина и заштита за слухот.
13.
Секогаш користете нож за пила што е
наменет за материјалот што ќе го сечете.
14.
Користете само ножеви за пила што се
означени со брзина еднаква или поголема
од брзината означена на алатот.
15.
(Само за европските држави)
Секогаш користете го сечилото што е во
согласност со EN847-1.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ
удобноста или познавањето на производот
(стекнати со подолга употреба) да ве наведат
да не се придржувате строго до безбедносните
правила за овој производ. ЗЛОУПОТРЕБАТА
или непочитувањето на безбедносните
правила наведени во ова упатство може да
предизвикаат тешка телесна повреда.
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое дотерување или
проверка на алатот, проверете дали е исклучен
и откачен од струја.
Нагодување на длабочината на
сечењето
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе ја нагодите
длабочината за сечење, секогаш затегнете ја
рачката.
Отпуштете ја рачката на граничникот за длабочина
и поместете ја основата нагоре или надолу. На
саканата длабочина за сечење, прицврстете ја
основата со затегнување на рачката.
За почисти и побезбедни засеци, поставете ја
дебелината на сечење, така што нема да стрчи
повеќе од еден заб од сечилото под работниот
материјал. Користењето соодветна дебелина на
сечење помага во намалувањето на потенцијалот
за опасни ПОВРАТНИ УДАРИ кои можат да
предизвикаат телесна повреда.
►
Сл.7:
1.
Рачка
2.
Граничник за длабочина
Косо сечење
ВНИМАНИЕ:
Откако ќе го нагодите
надолжниот кос агол, секогаш затегнете ја
рачката и стезната завртка.
Олабавете ја рачката и стезната завртка. Поставете
го саканиот агол со соодветно навалување, а потоа
затегнете ги цврсто рачката и стезната завртка.
►
Сл.8:
1.
Клемаста завртка
2.
Скала за косо
сечење
3.
Лост
Нишанење
За рамни засеци, порамнете ја положбата од 0° на
предната страна од основата со вашата линија на
сечење. За коси засеци под агол од 45°, порамнете
ја со положбата од 45°.
►
Сл.9:
1.
Линија за сечење (положба од 0°)
2.
Линија за сечење (положба од 45°)
Вклучување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред да го
приклучите кабелот во мрежата, проверете го
прекинувачот дали функционира правилно и
дали се враќа во положбата „OFF“ кога ќе се
отпушти.
►
Сл.10:
1.
Прекинувач
2.
Копче за одблокирање
За алат со копче за одблокирање
За да се спречи случајно повлекување на
прекинувачот, обезбедено е копче за одблокирање.
За да го стартувате алатот, притиснете го копчето
за одблокирање и повлечете го прекинувачот.
Отпуштете го прекинувачот за да сопрете.