![Makita DUR181 Instruction Manual Download Page 62](http://html.mh-extra.com/html/makita/dur181/dur181_instruction-manual_227686062.webp)
62
МАКЕДОНСКИ
Намотување нова најлонска жица
на калемот
►
Сл.16
Извадете го калемот од капакот на калемот и
извадете го преостанатиот дел од најлонската жица
од калемот.
►
Сл.17:
1.
Најлонска жица
2.
Држач за крајот на
најлонската жица
Вметнете најлонска жица во држачот покажан на
сликата.
►
Сл.18
Намотајте ја цврсто околу калемот во насока
на стрелката на калемот така што намотаната
најлонска жица да биде рамномерно распоредена
врз површината за намотување.
►
Сл.19
Привремено, закачете ја најлонската жица на
засекот покажан на сликата.
►
Сл.20
Протнете ја најлонската жица низ окцето за
најлонска жица во капакот на калемот.
►
Сл.21:
1.
Калем
2.
Најлонска жица
Откако ќе ја монтирате главата за сечење со најлон,
осигурете се дека најлонската жица се испушта со
притискање на калемот и влечење на најлонската жица.
РАБОТЕЊЕ
Прикачување прерамка за рамо
ВНИМАНИЕ:
Кога го користите алатот во
комбинација со тип на напојување од ранец
како што е пренослив пакет за напојување,
не користете ја прерамката вклучена во
пакувањето на алатот, туку користете го
висечкиот појас препорачан од Makita.
Ако ставате прерамка вклучена во пакувањето на
алатот и прерамка за рамо со тип на напојување
од ранец во исто време, вадењето на алатот или
типот на напојување од ранец е тешко при итен
случај и може да предизвика несреќа или повреда.
За препорачаниот висечки појас, прашајте го
овластениот сервисен центар на Makita.
►
Сл.22:
1.
Прерамка за рамо
2.
Кука
Закачете ја прерамката за рамо во дупчето на
предната дршка.
РАБОТЕЊЕ
ВНИМАНИЕ:
•
Не сечете висока трева.
Сечењето
висока трева во близина на коренот може
да предизвика трева да се заплетка во
вретеното на моторот на тримерот што води
до прегревање на моторот, што пак може да
резултира со оштетување на тримерот.
►
Сл.23
►
Сл.24
ВНИМАНИЕ:
•
Користете го тримерот без калемот да
доаѓа во допир со земјата.
Ако калемот ја
допира земјата додека се користи, моторот
може да прегрее што може да резултира со
оштетување на тримерот.
►
Сл.25
ВНИМАНИЕ:
•
Не присилувајте го тримерот во густо
нарасната трева.
►
Сл.26
ВНИМАНИЕ:
•
Не користете го тримерот за поткопување на
земјата.
Сечење трева во близина на дрво,
бетонски блок, тули или дворни
камења
►
Сл.27
Држете го тримерот навален под агол така што да
не доаѓа во допир со земјата и сечете ја тревата со
помош на врвот на најлонската жица. За ваквото
работење, потребно е бавно испуштање на
жицата бидејќи најлонската жица се аби побрзо од
вообичаеното.
НАПОМЕНА:
•
Ако го доближите тримерот преблиску до
дрво, бетонски блок, тули, дворни камења
или сл. при оборувањето рабови или
слична работа, најлонската жица може да
биде отсечена на половина пат внатре во
капакот на калемот. Во тој момент, извадете
го калемот од капакот на калемот и потоа,
повторно поставете ја најлонската жица во
согласност со деловите „Монтирање или
вадење на главата за сечење со најлон“
и „Намотување нова најлонска жица на
калемот“. Најдобри работни резултати се
добиваат ако се користи врвот на најлонската
жица и затоа, се препорачува алатот да се
одржува на растојание од повеќе од 5 цм од
дрво, бетонски блок, тули, дворни камења
или сл.
Стартувајте го тримерот пред да го доближите до
тревата што треба да се сече.
Сечете ја тревата користејќи го врвот на најлонската
жица со движење на тримерот од десно налево и
продолжете бавно, одржувајќи го тримерот навален
под агол од околу 30° во однос на земјата.
Кога сечете висока трева, сечете по слоеви, секогаш
започнувајќи од врвот, отсекувајќи нов дел со секое
движење.
Summary of Contents for DUR181
Page 2: ...1 2 3 1 1 2 1 2 1 Fig 1 Fig 2 Fig 3 Fig 4 Fig 5 Fig 6 Fig 7 Fig 8 2 ...
Page 3: ...1 2 1 1 2 3 1 2 3 1 2 3 4 Fig 9 Fig 10 Fig 11 Fig 12 Fig 13 Fig 14 Fig 15 Fig 16 3 ...
Page 4: ...1 2 1 2 1 2 Fig 22 Fig 17 Fig 18 Fig 19 Fig 20 Fig 21 Fig 23 Fig 24 4 ...
Page 5: ...1 2 Fig 30 1 Fig 25 Fig 26 Fig 27 Fig 28 Fig 29 Fig 31 5 ...
Page 106: ...106 ...
Page 107: ...107 ...