61
МАКЕДОНСКИ
НАПОМЕНА:
•
Ако најлонската жица не се испушта при
потчукнување на главата, одново намотајте
ја/заменете ја најлонската жица следејќи
ги постапките опишани во деловите
„Монтирање или вадење на главата за
сечење со најлон“ и „Намотување нова
најлонска жица на калемот“.
•
Не потчукнувајте го алатот на бетонски или
асфалтни површини. Ако се потчукнува на
вакви видови површини, може да дојде до
оштетување на алатот.
СОСТАВУВАЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
•
Секогаш осигурувајте се алатот да е
исклучен и батеријата да е извадена
пред да направите прилагодување или
проверка на алатот.
Ако не се исклучи и
не се извади батеријата, може да дојде до
тешки телесни повреди заради случајно
вклучување.
•
Никогаш не стартувајте го алатот ако
не е целосно составен.
Работењето со
делумно составен алат може да резултира
со тешка телесна повреда заради случајно
стартување.
Монтирање на предната дршка
►
Сл.11:
1.
Предна рачка
2.
Клемаста навртка
3.
Шестоаголна завртка
Ставете ја предната дршка на држачот на предната
дршка и прицврстете ја со шестоаголна завртка
и клемастата навртка, испорачана со тримерот
со жица, како што е покажано на сликата. Во овој
момент треба да се монтира шестоаголната завртка
на онаа страна на која што се наоѓа делот за
блокирање на шестоаголната завртка, а клемастата
навртка треба да се монтира од спротивната страна.
НАПОМЕНА:
•
Предната дршка има засек по целата
должина во делот за нејзино монтирање.
Овој засек ви овозможува лесно да ја
монтирате предната дршка на држачот на
предната дршка.
Аголот на предната дршка може да се прилагоди.
За да го прилагодите аголот на предната дршка,
олабавете ја клемастата навртка, поставете ја
предната дршка под агол соодветен за вашата
работа и потоа, цврсто стегнете ја навртката вртејќи
ја надесно.
Монтирање на штитникот
ВНИМАНИЕ:
•
При монтирање на штитникот, внимавајте
да не го допрете секачот на најлонската
жица што се наоѓа на штитникот.
Ако го
допрете секачот, може да дојде до телесна
повреда.
►
Сл.12:
1.
Штитник
2.
Шрафови
3.
Капак на
секачот
Монтирајте го штитникот поставувајќи го на
куќиштето на моторот, така што најлонската жица да
не биде потфатена помеѓу штитникот и куќиштето
на моторот, и потоа, прицврстете го со две завртки.
Пред да го стартувате тримерот, извадете го капакот
на секачот од секачот на жица.
Монтирање или вадење на
главата за сечење со најлон
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
•
Пред да ја монтирате или извадите
главата за сечење со најлон (капакот на
калемот и калемот, во натамошниот текст
нарекувани на овој начин), осигурете
алатот да е исклучен и батеријата да
е извадена од алатот.
Ако алатот не се
исклучи и батеријата не се извади, може да
дојде до телесна повреда.
ВНИМАНИЕ:
•
При монтирање или вадење на главата
за сечење со најлон, внимавајте да не
го допрете секачот на најлонската жица
што се наоѓа на штитникот.
Ако го допрете
секачот, може да дојде до телесна повреда.
►
Сл.13
►
Сл.14
За да ја извадите главата за сечење со најлон
(капакот на калемот и калемот) од тримерот со
жица, притиснете ги силно спојките од двете страни
на капакот на калемот и подигнете го.
►
Сл.15:
1.
Окце за најлонска жица
2.
Засек
на делот за монтирање на главата за
сечење со најлон
3.
Пружина
4.
Држач на
калемот
НАПОМЕНА:
•
Осигурете пружината да е монтирана внатре во
држачот на калемот.
За да монтирате глава за сечење со најлон со ново-
намотана жица (капакот на калемот и калемот)
на тримерот со жица, порамнете го окцето за
најлонска жица со засекот на делот за монтирање
на главата за сечење со најлон на тримерот и потоа,
притиснете ја додека не се слушне кликнување.
Summary of Contents for DUR181
Page 2: ...1 2 3 1 1 2 1 2 1 Fig 1 Fig 2 Fig 3 Fig 4 Fig 5 Fig 6 Fig 7 Fig 8 2 ...
Page 3: ...1 2 1 1 2 3 1 2 3 1 2 3 4 Fig 9 Fig 10 Fig 11 Fig 12 Fig 13 Fig 14 Fig 15 Fig 16 3 ...
Page 4: ...1 2 1 2 1 2 Fig 22 Fig 17 Fig 18 Fig 19 Fig 20 Fig 21 Fig 23 Fig 24 4 ...
Page 5: ...1 2 Fig 30 1 Fig 25 Fig 26 Fig 27 Fig 28 Fig 29 Fig 31 5 ...
Page 106: ...106 ...
Page 107: ...107 ...