46
7.
Не коритете оштетени додатоци. Пред
секоја употреба, проверете ги додатоците -
абразивните тркала да не се скршени или
напукнати, подлошките да не се напукнати,
изабени или истрошени, четките да нема
откачени или искинати жици. Ако алатот
или додатокот ви падне, проверете дали
има оштетувања или ставете неоштетен
додаток. Откако ќе го проверите и ќе го
наместите додатокот, поставете се себеси и
околните лица подалеку од рамнината
вртливиот додаток и ракувајте со алатот
при максимална неоптоварена брзина една
минута.
Оштетени додатоци обично се
распаѓаат за време на овој пробен период.
8.
Носете заштитна опрема. Зависно од
примената, користете заштита за лицето,
безбедносни затемнети очила или заштитни
очила. Зависно од работата, носете маска за
прашина, ракавици и работна престилка што
може да сопре мали отпадоци од брусење
или стругање.
Заштитата за очи треба да
сопира разлетан отпад произведен од работата.
Маската за прашина или респираторот треба да
можат да ги филтрираат честичките што ги
произведува
вашата
работа.
Подолга
изложеност на голема бучава може да
предизвика оштетување на слухот.
9.
Присутните лица треба да се на безбедна
оддалеченост од работното подрачје. Секој
што влегува во работното подрачје треба да
носи
заштитна
опрема.
Парчиња
од
обработуваниот материјал или од скршен додаток
може да одлетаат и да предизвикаат повреди
надвор од непосредното работно подрачје.
10.
Држете го алатот само за изолираните
држачи кога вршите работи кога додатокот
за сечење може да дојде во допир со
скриени жици или сопствениот кабел.
Додаток за сечење што ќе допре жица под
напон може да ја пренесе струјата до
металните делови на алатот и да предизвика
струен удар на операторот.
11.
Поставете
го
кабелот
подалеку
од
вртливиот додаток.
Ако изгубите контрола,
кабелот може да се пресече или повлече и
раката или дланката може да ви се повлечат
во вртливиот додаток.
12.
Не одложувајте го алатот додека додатокот
не сопре сосема.
Вртливиот додаток може да
ја зафати површината и да го извлече алатот
од контрола.
13.
Алатот не смее да е вклучен додека го
пренесувате.
Случаен допир со вртливиот додаток
може да ви ја зафати облеката и да ве повреди.
14.
Редовно
чистете
ги
отворите
за
проветрување на алатот.
Вентилаторот на
моторот привлекува прашина во куќиштето и
прекумерно насобирање метал во прав може
да предизвика опасност од струен удар.
15.
Не ракувајте со алатот близу до запаливи
материјали.
Искрите може да предизвикаат пожар.
16.
Не користете додатоци за коишто се
потребни течности за ладење.
Користењето
вода или друга течност за ладење може да
предизвика струен удар.
Повратен удар - предупредувања
Повратен
удар
настанува
при
ненадејно
заглавување или поткачување на тркало, подлошка,
четка или некој друг додаток што се врти.
Заглавувањето или поткачувањето предизвикува
нагло сопирањен а вртливиот додаток, што
предизвикува губење контрола врз алатот и негово
придвижување во насока спротивна од вртењето на
тркалото на точката на заглавувањето.
На пример, ако абразивно тркало се заглави во
предметот на којшто се работи, работ на тркалото
што влегува во точката на заглавувањето може да се
зарие во површината на материјалот, што ќе
предизвика тркалото да излезе или да отскокне.
Тркалото може да отскокне кон или подалеку од
операторот, зависно од насоката на движење на
тркалото во точката на заглавување. Абразивните
тркала можат и да се скршат во такви услови.
Повратниот удар е резултат од неправилна употреба
на алатот или неправилни работни постапки и
услови и може да се избегне со преземање
соодветни предострожности, како што е наведено
подолу.
а)
Цврсто држете го алатот и наместете ги
телото и раката така што ќе можат да ги
издржат силите од повратен удар. Секогаш
користете помошна рачка, ако ја има, за
максимална контрола при повратен удар или
торзиона реакција за време на стартувањето.
Операторот може да ги контролира торзиските
реакции и силите на повратниот удар ако се
преземат соодветни предострожности.
б)
Не ставајте ја раката близу до вртлив
додаток.
Додатокот може да ви се одбие преку
раката.
в)
Не поставувајте го телото во подрачјето
каде што алатот ќе се придвижи во случај на
повратен удар.
Повратниот удар ќе го фрли
алатот во насока спротивна од движењето на
тркалото во точката на заглавување.
г)
Бидете особено внимателни кога работите
на агли, остри рабови и сл. Избегнувајте
скокање и завлекување на додатокот.
Аглите,
острите рабови и отскокнувањето можат да го
заглават вртливиот додаток и да предизвикаат
губење контрола или повратен удар.
д)
Не ставајте сечила за длаборез или
назабени сечила.
Таквите сечила често
предизвикуваат повратни удари и губење контрола.
Summary of Contents for 9556HN
Page 86: ...86 ...
Page 87: ...87 ...
Page 88: ...88 Makita Corporation Anjo Aichi Japan 884836A964 www makita com ...