18
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
Прочитајте ги и почитувајте ги напатствијата пред да ја користите правосмукалката за да го намалите ризикот од пожар,
електричен удар, повреда или штета при нејзиното користење. Упатството не ги покрива сите можни случаи. Секогаш
контактирајте со сервисерот или производителот кога ќе се јави проблем што не го разбирате. Овој уред е во согласност
со следните Директиви на ЕК - 2006/95/EC Директива за низок напон, 2004/108/EC EMC – Директива.
Ова е симбол што означува внимавање на безбедноста.
Означува известување за потенцијалните ризици што можат да убијат или повредат некого. Сите безбедносни
пораки го имаат симболот за внимавање на безбедноста и зборот „ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ“ или „ВНИМАНИЕ“.
Тие зборови значат:
Симболот укажува на ризици или лекомислени постапки што може да предизвикаат
сериозна телесна повреда или смрт.
Симболот укажува на ризици или лекомислени постапки што може да предизвикаат
сериозна телесна повреда или оштетување на имотот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
ВНИМАНИЕ
• Да не ја приклучувате ако контролното копче не е
ставено на позицијата OFF.
Може да дојде до лична повреда или оштетување на
апаратот.
• Држете ги децата подалеку и внимавајте на пречки
кога го вовлекувате кабелот за да спречите лични
повреди
Кабелот се движи брзо при вовлекувањето.
• Исклучете го апаратот од струја пред да го
сервисирате или чистите или кога не го користите.
Инаку може да дојде до електричен удар или лична
повреда.
• Не користете ја правосмукалката за смукање
предмети што горат или чадат, на пример цигари
или топол пепел.
Таквата постапка може да заврши со смрт, пожар
или електричен удар.
• Не смукајте запаливи или експлозивни материи,
на пример бензин, нафта, разредувачи или пропан
(течности или гасови).
Испарувањата од тие материи може да
предизвикаат опасност од пожар или експлозија.
Таквата постапка може да заврши со смрт или
лична повреда.
• Не ракувајте со приклучникот за струја или
правосмукалката со мокри раце.
Таквата постапка може да заврши со смрт или
електричен удар.
• Не исклучувајте го апаратот од струја влечејќи го
кабелот.
Таквата постапка може да заврши со оштетување
на апаратот или електричен удар. Кога откачувате
од струја, фатете го приклучникот, не кабелот.
• Косата, облеката, прстите и сите делови на телото
треба да бидат подалеку од отворите и подвижните
делови.
Инаку може да дојде до електричен удар или лична
повреда.
• Не влечете го и не носете го апаратот држејќи
го кабелот, користејќи го кабелот како држач, не
приклештувајте го кабелот во врата и не влечете
го кабелот преку остри рабови или агли. Апаратот
не смее да го гази кабелот. Држете го кабелот
подалеку од топли површини.
Инаку може да дојде до електричен удар, лична
повреда, пожар или оштетување на апаратот.
• Во цревото има жици за струја. Не користете го ако
е оштетено, исечено или издупчено.
Инаку може да дојде до смрт или електричен удар.
• Не дозволувајте апаратот да се користи како
играчка. Мора да се внимава кога го користат деца
или кога се користи близу до нив.
Може да дојде до лична повреда или оштетување на
апаратот.
• Не користете ја правосмукалката ако кабелот
за струја или приклучникот се оштетени или
неисправни.
Може да дојде до лична повреда или оштетување на
апаратот. Во такви случаи јавете се на сервисер на
LG за да избегнете опасност.
• Не користете ја правосмукалката ако била потопена
во вода.
Може да дојде до лична повреда или оштетување на
апаратот. Во такви случаи јавете се на сервисер на
LG за да избегнете опасност.
• Не смукајте ако некој дел недостига или е оштетен.
Може да дојде до лична повреда или оштетување на
апаратот. Во такви случаи јавете се на сервисер на
LG за да избегнете опасност.
• Да не користите продолжен кабел со оваа
правосмукалка.
Може да дојде до пожар или лична повреда.
• Користење правилен напон.
Користењето неправилен напон може да
предизвика оштетување на моторот и повреда на
корисникот. Правилниот напон е наведен на долниот
дел од правосмукалката.
• Исклучете ги сите контроли пред да го откачите
апаратот од струја.
Инаку може да дојде до електричен удар или лична
повреда.
• Не менувајте го приклучникот во никој случај.
Инаку може да дојде до електричен удар, лична
повреда или оштетување на апаратот. Така може
да дојде до смрт. Ако приклучникот не одговара
на вашиот штекер, јавете се на квалификуван
електричар да инсталира соодветен штекер.
• Електричните апарати смее да ги поправа само
квалификуван сервисен техничар.
Неправилните поправки може да доведат до големи
опасности за корисникот.
• Да не ставате прсти близу до запчаникот.
Може да дојде до лична повреда.
Запчаник
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ