МК - 17
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ставете ја решетката во
соодветниот држач во рерната и турнете
ја до крај.
5. ЧИСТЕЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ
5.1 чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Пред
чистење, исклучете го апаратот и
оставете го да се излади.
Општи упатства
• Пред да ги употребите средствата
за чистење на апаратот, проверете
дали се соодветни и препорачани од
производителот.
• Користете кремасти или течни
средства за чистење кои не содржат
честички. Не употребувајте каустични
(корозивни) средства, абразивни
прашоци, метална жица или тврди
алати затоа што може да ги оштетат
површините на шпоретот.
Не употребувајте средства за
чистење кои содржат честички,
бидејќи може да го изгребат
стаклото, емајлираните и/или обоените
делови на апаратот.
• Доколку дојде до прелевање на
течност, веднаш избришете за да
спречите оштетување.
Не употребувајте чистачи на пареа
за чистење на деловите на апаратот.
Чистење на внатрешноста на рерната
• Внатрешноста на емајлираните рерни
најдобро се чисти додека рерната е
топла.
• По секоја употреба, бришете ја
рерната со мека крпа натопена во
вода со сапуница. Потоа, повторно
избришете ја рерната со мокра крпа и
исушете ја.
• Можеби ќе биде потребно да
користите течно средство за чистење
одвреме навреме, за целосно да ја
исчистите рерната.
Чистење на стаклените делови
• Редовно чистете ги стаклените
делови на апаратот.
• Употребувајте средство за чистење
на стакло за да ја исчистите
внатрешноста и надворешноста
на стаклените делови. Потоа,
исплакнете ги и добро исушете ги со
сува крпа.
Чистење на деловите од
не’рѓосувачки челик (ако има)
• Редовно чистете ги деловите од
не’рѓосувачки челик на апаратот.
• Бришете ги деловите од не’рѓосувачки
челик со мека крпа натопена само
во вода. Потоа, добро исушете ги со
сува крпа.
Немојте да ги чистите деловите од
не’рѓосувачки челик по готвење
додека сѐ уште се жешки.
Не оставајте оцет, кафе, млеко, сол,
вода, лимон или сок од домати да
стои на деловите од не’рѓосувачки
челик подолго време.
Чистење на обоени површини (ако
има)
• Дамките од патлиџан, сос од
патлиџан, кечап, лимон, нафтени
деривати, млеко, храна која содржи