![FAVORIT 4-J BLACK User Manual Download Page 29](http://html1.mh-extra.com/html/favorit/4-j-black/4-j-black_user-manual_546822029.webp)
МК - 11
2. МОНТИРАЊЕ И
ПОДГОТОВКА ЗА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Овој апарат
мора да го монтира овластен
сервисер или квалификуван техничар,
согласно упатствата во овој водич и во
согласност со тековните локални
прописи.
• Неправилно монтирање може да
предизвика повреда и оштетување за
коишто производителот не презема
одговорност и за коишто нема да
важи гаранцијата.
• Пред монтирањето, проверете дали
локалните услови на дистрибуција
(напонот на струјата и фреквенцијата)
и приспособувањата на производот
се компатибилни. Условите за
приспособување на овој апарат се
посочени на етикетата.
• Треба да се почитуваат законите,
уредбите, директивите и стандардите
кои се на сила во земјата на употреба
(безбедносни регулативи, соодветно
рециклирање во согласност со
регулативите итн.).
2.1 упатства за инсталатерОт
Општи упатства
• Откако ќе го извадите материјалот
за пакување од апаратот и
дополнителните делови, проверете
дали е оштетен апаратот. Ако се
сомневате дека има каква било
штета, не користете го апаратот и
веднаш контактирајте со овластен
сервисер или квалификуван
електричар.
• Погрижете се да нема запаливи
материјали во непосредна близина,
како завеси, масло, ткаенина итн.,
кои може да се запалат.
• Работната површина и мебелот кој
се наоѓа околу апаратот мора да
бидат направени од материјали кои
се отпорни на температури повисоки
од 100°C.
• Апаратот не треба да се монтира
директно над машина за миење
садови, фрижидер, замрзнувач,
машина за перење алишта или
машина за сушење алишта.
2.2 мОнтирање на рерната
Апаратите се снабдуваат со комплет
за инсталација и може да се монтираат
на работна површина со соодветните
димензии. Димензиите за инсталација
на плоча за готвење и рерна се дадени
подолу.
A (mm)
557
мин./макс. F (mm)
560/580
B (mm)
550
мин. G (mm)
555
C (mm)
595
мин. H/I (mm)
600/590
D (mm)
575
мин. J/K (mm)
5/10
E (mm)
576