ОДРЖУВАЊЕ НА ВАШАТА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА:
1. Исклучете ја печката и извадете го штекерот од струја пред чистење.
2. Одржувајте ја чиста внатрешноста на печката. Кога храна или течност ќе се излие во
микробрановата печка, исчистете со влажна крпа. Не се препорачува употреба на силни
или абразивни детергенти.
3. Надворешниот дел исто ака треба да се чисти со влажна крпа. За да не дојде до
прекин на работата на печката, не смее да влезе вода во вентилационите отвори.
4. Не дозволувајте контролната плоча да се наводени. Исчистете со мека, влажна крпа.
Не користете детергенти, абразивни средства или спреј чистачи за чистење на
контролната плоча.
5. ако се појавува пареа околу вратата, исчистете со мека крпа. Ова може да се појави во
услови на голема влажност и не и пречи на печката.
6. Понекогаш треба да се исчисти површината под стаклениот послужавник.
Послужавникот исчистете го во млака вода или во машина за садови.
7. Ротациониот прстен и внатрешноста треба да се чистат редовно за да нема бучава при
работа. Исчистете со влажна крпа, и слаб детергент. При готвењето од пареата се
насобираат наслаги но не влијаат на работата на ротационите тркалца.
Кога ќе го вратите на место ротациониот прстен после чистењето, внимавајте да биде во
правилна позиција.
8. Непријатната миризба може да се отстрани така што ќе ставите чаша со сок и кора од
лимон во длабока чинија. Загрејте на 5 минути. Потоа избришете темелно со сува и мека
крпа.
9. Кога треба да се замени светлото, повикајте овластен сервис.
50
MK