d. Веднаш исклучете ја електричната алатка ако таа се блокира. Бидете
подготвени за високи моменти на реакција коишто предизвикуваат
повратен удар. Електричната алатка се блокира ако:
• електричната алатка е преоптоварена или
• ако се искриви во предметот за обработка.
e. Не користете го уредот за мешање прехранбени производи. Нашите
електрични алатки, заедно со додатоците, не се наменети за обработка на
прехранбени производи.
f. Држете го кабелот настрана од областа на работа. Кабелот може да биде
зафатен од мешалката.
g. Садот за мешање мора да биде соодветен за мешање и да стои стабилно.
Несоодветно прицврстениот сад може да се движи неконтролирано.
h. Уверете се дека не прска никаква течност врз куќиштето на електричната
алатка. Течноста што ќе навлезе во електричната алатка може да предизвика
штети и да доведе до електричен удар.
i. Почитувајте ги упатствата и предупредувањата во листата на податоци за
безбедност на материјалот што се меша. Материјалот за мешање може да
биде штетен по здравјето.
Пред пуштање во работа
Проверете пред вклучување во струја дали податоците за алатката се идентични со
тие за електричната мрежа.
Не приклучувајте го уредот во струја пред монтажата. Ова важи и за сите останати
приспособувања.
Прашината, како на пример минералната прашина, може да биде штетна по здравјето.
Контактот или вдишувањето на прашина може да предизвикаат алергиски реакции
и/или респираторни заболувања кај корисникот или лицата во негова близина.
Материјалите што содржат азбест смее да ги обработуваат само стручни лица.
Монтажа на мешалката
Делот од мешалката (A) зашрафете го цврсто со делот од мешалката (Б). На крај,
зашрафете ја лопатката за мешање (1) во отворот за монтажа на алатката (2). За таа
цел користете ги двата виљушкасти клучеви. Со едниот виљушкаст клуч цврсто
држете го отворот за монтажа, а со вториот виљушкаст клуч зашрафете ја лопатката
за мешање. Демонтажата се одвива во спротивен редослед на чекорите.
A
B
2
1
71
1223852_BDA_WB_1400_FMR.indd 71
1223852_BDA_WB_1400_FMR.indd 71
02.11.20 12:50
02.11.20 12:50
Содержание WB 1400 FMR
Страница 37: ...40 C MAX 40 C 36 1223852_BDA_WB_1400_FMR indd 36 1223852_BDA_WB_1400_FMR indd 36 02 11 20 12 50 02 11 20 12 50...
Страница 38: ...37 1223852_BDA_WB_1400_FMR indd 37 1223852_BDA_WB_1400_FMR indd 37 02 11 20 12 50 02 11 20 12 50...
Страница 74: ...40 C MAX 40 C 73 1223852_BDA_WB_1400_FMR indd 73 1223852_BDA_WB_1400_FMR indd 73 02 11 20 12 50 02 11 20 12 50...
Страница 75: ...74 1223852_BDA_WB_1400_FMR indd 74 1223852_BDA_WB_1400_FMR indd 74 02 11 20 12 50 02 11 20 12 50...