25
MK
ВНИМАНИЕ!
Пред решавањето на проблемите, прекинете го напојувањето со електрична енергија. Само квалификуван електричар или
компетентна личност треба да го решат проблемот кој не е наведен во ова упатство.
ВАЖНО!
Постојат одредени звуци, кои уредот ги произведува при нормално работење и употреба (компресор, разладниот дел од
уредот).
РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Доколку повторно се појави дефект, контактирајте го Сервисниот центар.
Problem
Mogući uzrok
Rešenje
Уредот не работи
Приклучокот не е приклучен или прекинат.
Вметнете го приклучокот.
Осигурувачот е исклучен или неисправен.
Проверете го осигурувачот, заменете го ако е потребно.
Приклучокот е неисправен.
Оштетувањата на приклучокот треба да ги поправи електричар.
Храната е
претопла.
Температурата не е правилно подесена.
Ве молиме, погледнете го делот за основно ниво на
температура.
Врата била отворена долг период.
Чувајте ја вратата отворена толку, колку што е потребно.
Поголема количина на топла храна е
ставена во уредот во последните 24 часа.
Подесете го регулаторот на температура, привремено, на
ниска температура.
Уредот е блиску до извор на топлина.
Ве молиме, погледнете го делот за локација и инсталација.
Уредот премногу
лади.
Регулаторот на температура е подесен на
многу ладно.
Подесете го регулаторот, привремено, на висока температура.
Необични звуци.
Уредот не е нивелиран.
Повторно подесете ги ногалките.
Уредот допира до ѕид или други предмети. Малку поместете го уредот.
Дел, како што е цевковод на задната
страна од уредот, допира други делови од
уредот или ѕид.
Доколку е потребно, внимателно отстранете го делот кој
претставува препрека.
Вода на под.
Одводот е блокиран.
Погледнете го делот – Чистење и одржување.
Плочите на страна
се топли.
Тоа е нормално. Деловите за размена на
температура се поставени на страните.
Користете заштитни ракавици при допирање на страничните
плочи.
Совети за чување на храна во
фрижидерот
• Месо: завиткајте го во полиетиленски ќеси и ставете го на
стаклените полици над фиоките за овошје.
• поради сигурност, храната на овој начин чувајте ја еден ден,
најмногу два.
• Готвената храна, ладните јадења и сл., треба да се покријат и
можат да се одложат на било која полица.
• Овошје и зеленчук: треба да бидат темелно измиени и
одложени во фиока наменета за нивно чување.
• Путер и сирење: треба да бидат ставени во специјални
садови кои не пропуштаат воздух, или завиткани во
алуминиумски фолии или полиетиленски ќеси како би се
отстранил што повеќе од воздухот.
• Шишиња со млеко/јогурт: треба да бидат затворени и да се
чуваат во полиците на вратите.
• Банани, компир, лук и кромид, доколку не се спакувани, не би
требало да се чуваат во фрижидерот.
Чистење
Од хигиенски причини, внатрешноста на уредот, вклучувајќи ги
и внатрешните елементи, треба да се чистат редовно.
ВНИМАНИЕ!
Уредот не смее да биде поврзан на струја во текот на
чистењето. Постои опасност од струен удар! Пред чистење на
уредот, исклучете го и прекинете го напојувањето на електрична
енергија, или исклучете ја автоматската склопка или осигурувач.
Уредот не го чистете со други чистачи на пареа. Влагата може
да се насобере во електричните компоненти и да предизвика
струен удар! Жешкото миење може да доведе до оштетување
на пластичните делови. Уредот мора да биде сув, пред повторно
да се употребува.
ВАЖНО!
Eтеричните уља и органските растворувачи можат да
ги нагризаат пластичните делови, на пример, лимонов сок, сок
од кора од портокал, карбоксилна киселина или средства кои
користат млечна киселна.
• Не дозволувајте вакви супстанци за дојдат во контакт со
деловите од уредот.
• Не користете абразивни средства за чистење.
• Отстранете ја храната од замрзнувачот. Храната чувајте ја на
ладно место и добро покријте ја.
• Исклучете го уредот и прекинете го дотокот на електрична
енергија, или исклучете ја автоматската склопка или
осигурувач.
• Очистете го уредот и внатешните елементи со ткаенина
и млака вода. По чистењето исперете го со чиста вода и
исуштете го со крпа.
• Откако се ќе биде суво, повторно вклучете го уредот.