СОДРЖИНА НА ПАКУВАЊЕТО
Пакетот на машината содржи:
– моторна единица,
– лост,
– ланец,
– заштита за лостот;
– плик со додатоци и документи.
ВАЖНО
Машината се доставува со
одвоени лост и ланец и со празен резервоар за
масло.
ВНИМАНИЕ!
Потпирањето и целата
монтажа треба да се извршат на цврста и рамна
површина со доволно простор за поместување
на машината и на амбалажата користејќи
секогаш соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува
во согласност со важечките локални закони.
МОНТИРАЊЕ НА ЛОСТОТ И ЛАНЕЦОТ
ВНИМАНИЕ!
Секогаш носете масивни
ракавици за работа кога ракувате со лостот и со
ланецот. Обрнете максимално внимание при
составување на лостот и ланецот за да не се
нарушат безбедноста и ефикасноста на
машината; во случај на несигурност,
контактирајте со дистрибутерот.
Пред да го склопите лостот, проверете дали е
поставена кочницата на ланецот; ова се постигнува
кога предната заштита за рацете се повлекува
потполно наназад наспроти телото на машината.
ВНИМАНИЕ!
Обезбедете машината да
не биде приклучена во штекер.
• МАШИНА СО СТАНДАРДЕН ЛАНЕЦ
– Извадете ја гумената заштита (1а) и отшрафете
го шрафот (1), извадете го картерот за да
пристапите до запците за влечење и до основата
на лостот (сл. 1).
– Поставете го ланецот врз лостот, обрнувајќи
внимание и почитувајќи го правецот на движење;
ако крајот на лостот е опремен со запци за
одложување, внимавајте почетокот на влечењето
за ланецот да се вметне правилно во празнините
на запците (сл. 2).
– Монтирајте го лостот (2) вметнувајќи ја кочницата
во жлебот, завртувајќи ја кон задниот дел на
машината и обвиткајте го ланецот околу запците
за пренос (сл. 3).
– Проверете дали главата на ланецот (3) е правилно
вметната во соодветните отвори на лостот (сл.
4); во спротивен случај соодветно употребете
шрафцигер (4) за навртките на ланецот, сe до
комплетно вметнување на главата (сл. 5).
– Поставете го повторно картерот без затегнување
на шрафот (1).
– Завртувајте ги соодветно навртките на ланецот
(4) сe додека не добиете правилна затегнатост
на ланецот (сл. 5).
– Држејќи го лостот подигнат, зашрафете го шрафот
(1) на картерот докрај со помош на приложениот
клуч и ставете ја одново гумената заштита (1а)
(сл. 6).
• МАШИНА СО БРЗ ЛАНЕЦ
– Отшрафете го ракофатот (11) и извадете го
картерот за да пристапите до запците за влечење
и до основата на лостот (сл. 1a).
– Поставете го ланецот врз лостот, обрнувајќи
внимание и почитувајќи го правецот на движење;
ако крајот на лостот е опремен со запци за
одложување, внимавајте почетокот на влечењето
за ланецот да се вметне правилно во празнините
на запците (сл. 2).
– Монтирајте го лостот (2) вметнувајќи ја кочницата
во жлебот, завртувајќи ја кон задниот дел на
машината и обвиткајте го ланецот околу запците
за пренос (сл. 3).
– Поставете го повторно картерот без затегнување
на ракофатот (11). Проверете дали главата на
ланецот (3) е правилно вметната во соодветните
отвори на лостот (сл. 4); во спротивен случај
соодветно делувајте врз алката (12) за навртките
на ланецот, сe до комплетно вметнување на
главата (сл. 5a).
– Или завртувајте ја алката (12) сe додека не
добиете правилна затегнатост на ланецот (сл. 5a).
– Држејќи го лостот подигнат, зашрафете го докрај
ракофатот (11) (сл. 6a).
6
СОСТАВУВАЊЕ НА МАШИНАТА / ПОДГОТОВКА ЗА РАБОТА
MK
4.
СОСТАВУВАЊЕ НА МАШИНАТА
Содержание A 180 E
Страница 2: ......
Страница 4: ...ii 4 1 4 1 1a 11 2 3 3 12 11 1 1a 11 2 3 5 6 7 4 5 7 1 1A 3 5A 6 6A 12 2 ...
Страница 5: ...iii 50 mm 50 m m 0 5 mm 15 13 16 17 18A 18B 18C 21 18D 19 20 ...
Страница 6: ...iv ...
Страница 360: ...STIGA SpA Via del Lavoro 6 31033 Castelfranco Veneto TV ITALY dB LWA Type s n Art N ...