26_
перење на алишта
Перење на алишта со користење на избирачот на циклус
Перењето со вашата нова машина е многу едноставно со употребата на Samsung “Fuzzy
Control” системот за автоматска контрола. Кога ќе изберете програма за перење,
машината ќе ја постави соодветната температура, времето и брзината на перењето.
1.
Отворете ја славината за вода на лавабото.
2.
Притиснете го копчето
Power (напојување)
.
3.
Отворете ја вратата.
4.
Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.
5.
Затворете ја вратата.
6.
Додадете детергент, омекнувач и детергент за предперење (по потреба) во
соодветните прегради.
Pre-wash (предперење) е можно само кога се избрани програмите Cotton (памук),
Synthetics (синтетика), Denim (тексас), Sports Wear (спортска облека),
Baby Care (грижа за бебиња), Dark Garment (темна облека) и
Daily Wash (вообичаено перење). Потребна е единствено доколку ткаенините се многу
валкани.
7.
Користете го
Избирачот за циклус
за избор на соодветниот циклус во зависност од
типот на материјалот: Cotton (памук), Synthetics (синтетика), Denim (тексас),
Sports Wear (спортска облека), Delicates (деликатни алишта), Wool (волна),
Hand Wash (рачно перење), Baby Care (грижа за бебиња), Dark Garment (темна облека),
Daily Wash (вообичаено перење), Quick 15’ (брзо перење 15’).
На контролната плоча ќе засветат соодветните индикатори.
8.
Во овој момент, со притиснување на копчето за соодветната опција, ќе може да ги
контролирате температурата на перењето, бројот на плакнењата, брзината на
центрифугата и времето на одложено завршување.
9.
Притиснете го копчето
Start/Pause (активирање/пауза)
и перењето ќе започне.
Индикаторот за процесот ќе засвети и на екранот ќе се прикаже преостанатото време
на циклусот.
Опција за пауза
Пред истекување на 5 минути по започнувањето на перењето, можно е да додадете/
извадите облека.
1.
Притиснете го копчето
Start/Pause (активирање/пауза)
за отклучување на вратата.
Вратата не може да се отвори кога водата е премногу ЖЕШКА или кога нивото на
водата е премногу ВИСОКО.
2.
По затворањето на вратата, притиснете го копчето
Start/Pause (активирање/пауза)
за повторно започнување на перењето.
Кога циклусот е завршен:
По завршување на целосниот циклус, на екранот ќе се прикажува пораката “End” (Крај) во
период од 5 минути, а потоа напојувањето автоматски ќе се исклучи.
1.
Отворете ја вратата.
2.
Извадете ги алиштата.
перење на алишта
WF1802LSW-03265B-01_MK.indd Sec5:26
WF1802LSW-03265B-01_MK.indd Sec5:26
2013-02-20
9:48:36
2013-02-20
9:48:36