259
259
Македонски
Mak
К
ористењето на заштитата за слухот ја на
малува способноста
за слушање на предупредувања (викања или аларми).
Операторот мора да обрати посебно внимание на тоа што се
случува во работното подрачје.
Работењето со слични алати во близина го зголемува ризикот
од повреда на слухот и можноста други лица да влезат во
вашето работно подрачје.
Одржувајте стабилна основа и рамнотежа. Избегнувајте
абнормално држење на телото.
Издолжувањето може да доведе до губење на рамнотежата и
може да го зголеми ризикот од повратен удар.
Чувајте ги сите делови од вашето тело подалеку од движечките
делови.
Проверете ја моторната пила пред секоја употреба. Проверете
за правилна работа на командите вклучувај
ќ
и ја кочницата за
ланецот. Проверете дали има лабави затегнувачи, осигурајте
се сите штитници и рачки да бидат правилно и сигурно
прикачени. Заменете ги оштетените делови пред употреба.
Немојте да ја менувате машината на никаков начин или да
користите делови или додатоци кои не се препорачани од
производителот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Ако машината падне, претрпи
тежок удар или почне да вибрира ненормално,
веднаш запрете ја машината и проверете за штета или
идентификувајте ја причината за вибрацијата.Секое
оштетување треба соодветно да се поправи или замени
од страна на сервисната служба на MILWAUKEE.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.Не ги чувајте
батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).
К
ористете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
К
иселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на
контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ
Дури и при уредна употреба на производот не можат во целост
да се исклучат остаточни опасности. При употребата можат да
се појават следниве ризици, поради кое што корисникот мора
да обрати внимание на следново:
• Повреда предизвикана од вибрации
Секогаш користете го вистинскиот алат за работата.
К
ористете соодветни рачки. Ограничете го работното време
и изложеноста.
• Оштетување на слухот поради изложеност на бучава
Носете заштита за слухот и ограничете ја изложеноста.
• Повреда предизвикана преку контакт со изложен заб на
ланецот од пилата
• Повреда предизвикана преку отфрлени делови од работното
парче (дрвени деланки, парченца)
• Повреда предизвикана од прав и честички
• Повреда на кожата предизвикана преку контакт со средства
за подмачкување
• Делови исфрлени од моторната пила (опасности од сечење/
вбризгување)
• Непредвидено, ненадејно движење или повратен удар од
мечот (опасности при сечење)
НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИТЕ
• Вибрациите од рачните алатки може да допринесат до
состојба наречена
Р
ејнодов синдром кај одредени лица.
Симптомите може да вклучуваат морници, отрпнатост и
белеење на прстите, вообичаено присутно по изложеност
на ладно. Наследните фактори, изложеноста на ладно и
влажност, диета, пушење и работни практики исто така
допринесуваат до развојот на овие симптоми. Има мерки
коишто може да се преземат од страна на операторот за
намалување на ефектите од вибрацијата:
• При ладно време одржувајте го топло вашето тело.
К
ога
работите со уредот носете ракавици за да ги стоплите рацете
и зглобовите.
• По секој период на работа, правете вежби за да ја зголемите
циркулацијата на крвта.
• Правете чести паузи. Ограничете ја дневната изложеност.
• Заштитните ракавици достапни кај продавачи на
професионални моторни пили се наменети специјално
за употреба со моторни пили кои даваат заштита, добар
стисок и исто така го намалуваат дејството од вибрациите на
рачката. Овие ракавици треба да се во согласност со EN 381-7
и мора да ја имаат ознаката CE.
Ако почувствувате некои од симптомите на оваа состојба,
веднаш престанете со работа и побарајте го вашиот лекар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Од долготрајната употреба на
алатот може да се предизвикаат повреди или да се влошат
истите. Ако го користите некој алат подолго време правете
редовни паузи.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Акумулаторската моторна пила е наменета само за
надворешна употреба.
Поради безбедносни причини, моторната пила мора соодветно
да се контролира со двете раце цело време.
Моторната пила е наменета за сечење на гранки, стебла,
трупци и греди со пречник одреден од должината на сечење на
мечот. Таа е наменета исклучиво за сечење на дрво. Треба да
се користи само од страна на возрасни лица кои имаат добиено
соодветна обука за опасностите и превентивните мерки/
дејства додека ја користите моторната пила.
Да не ја користите моторната пила за други цели коишто не се
наведени во одредените услови за употреба. Не треба да се
користи за професионални дрвени услуги. Моторната пила не
треба да се користи од деца или од лица кои не носат соодветна
лична заштитна опрема и облека.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Кога ја користите моторната пила
мора да се почитуваат безбедносните правила. За ваша
лична безбедност и безбедноста на присутните, мора да
ги прочитате и целосно разберете овие инструкции пред
да ја користите моторната пила. Треба да посетувате
професионално организирани безбедносни курсеви
за употреба, превентивни дејства, прва помош и
одржување на моторните пили. Чувајте го ова упатство
на сигурно и безбедно место за подоцнежна употреба.
Содержание M18
Страница 5: ...2 2 5 7 8 6 18 14 3 4 9 11 12 1 2 10 15 16 17 13 ...
Страница 6: ...3 3 I 1 2 2 1 ...
Страница 7: ...4 4 I 78 100 33 54 55 77 10 32 10 ...
Страница 8: ...5 5 II 1 3 1 2 2 2 4 ...
Страница 9: ...6 6 III 3 mm 3 5 2 1 4 ...
Страница 10: ...7 7 IV 10 min 1 3 4 2 TEST Start ...
Страница 13: ...10 10 V Stop 4 2 3 1 ...
Страница 14: ...11 11 1 2 ...
Страница 15: ...12 12 VI 1 2 1 3 2 3 1 2 1 3 2 3 ...
Страница 16: ...13 13 1 3 2 VI ...
Страница 17: ...14 14 3 2 3 min 50 mm 45 1 2 2 1 1 3 VI ...
Страница 18: ...15 15 VII 1 2 3 ...
Страница 19: ...16 16 VIII 1 3 2 2 1 OIL ...
Страница 20: ...17 17 VIII 4 5 A 5 B ...