167
ПРЕДУПРЕДУВАЊE: Моторот е сè уште жежок веднаш откако сте го запреле моторот. Кога го испуштате горивото,
овозможете доволно време за моторот да се олади откако ќе го запрете. Во спротивно, тоа може
да резултира со изгореници на кожата и/или пожар.
ОПАСНОСТ:
Кога машината се чува без да се работи со неа подолг временски период, испуштете го горивото
од резервоарот за гориво и од карбураторот, и складирајте ја на суво и чисто место.
●
Испуштете го горивото од резервоарот за гориво и од карбураторот во
согласност со следнава процедура:
1) Извадете го капачето на резервоарот за гориво и испуштете го сето
гориво.
Ако има надворешни материјали кои остануваат во резервоарот за
гориво, отстранете ги во целост.
2) Извадете го филтерот за гориво од отворот за полнење со помош на
жица.
3) Притискајте ја пумпата за полнење додека горивото не се исцеди од
неа и исцедете го горивото што доаѓа во резервоарот за гориво.
4) Ставете го филтерот во резервоарот за гориво и добро стегнете го
капачето на резервоарот за гориво.
5) Потоа, продолжете да работите со моторот додека не запре.
●
Извадете ја свеќичката и капнете неколку капки моторно масло низ
дупчето на свеќичката.
●
Нежно повлечете ја рачката на стартерот така што маслото да се
распредели низ моторот и поставете ја свеќичката.
●
Поставете го капакот на металното сечило.
●
Главно, чувајте ја машината како што е прикажано. Обрнете големо
внимание на тоа како ја чувате машината за да спречите паѓање на
рамното вратило. Во спротивно, тоа може да резултира со телесна
повреда.
●
Чувајте го испуштеното гориво во специјален сад во добро-проветрена,
ладна просторија.
ЧУВАЊЕ
Внимание по долготрајно складирање
●
Пред стартување по долготрајно неупотребување, треба да се замени маслото (видете на стр. 163). Квалитетот на маслото ќе опадне
додека машината не се употребува.
Содержание EM4350RH
Страница 282: ...282 ...
Страница 283: ...283 ...
Страница 284: ...885379C969 IDE Makita Jan Baptist Vinkstraat 2 3070 Belgium Makita Corporation Anjo Aichi Japan www makita com ...