
143
15 метри
Шематски приказ
БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Општи упатства
●
Прочитајте го ова упатство за да се запознаете со ракувањето со опремата.
Недоволно информираните корисници ризикуваат да се доведат себе си
и другите во опасност заради неправилно ракување.
●
Се препорачува да ја позајмувате опремата само на лица кои имаат
докажано искуство.
Секогаш предавајте го и упатството.
●
Корисниците што го користат алатот за прв пат, треба да побараат од
продавачот основни упатства за да се запознаат со ракувањето со
косилката.
●
На деца и млади под 18-годишна возраст им е забрането ракувањето со
оваа опрема. Лицата постари од 16 години, сепак може да го користат
уредот за цели на обука само ако се под надзор на стручно лице за обука.
●
Користете ја со голема грижа и внимание.
●
Работете само ако сте во добра физичка состојба. Сите работи изведувајте
ги смирено и внимателно. Корисникот мора да ја прифати одговорноста
за другите лица.
●
Никогаш не користете ја опремата по конзумирање алкохол или
наркотични средства, или ако се чувствувате уморни или болни.
●
Употребата на машината може да е ограничена со државни прописи.
Намена на машината
●
Оваа опрема е наменета само за косење трева, пиреј, грмушки,
џбунчиња. Не треба да се користи за какви било други намени, како на
пример формирање рабови или стрижење ограда, бидејќи може да дојде
до повреда.
Опрема за лична заштита
●
Облеката што се носи треба да биде функционална и адекватна, т.е. треба
да се прилепува на телото, но да не предизвикува нефлексибилност.
Немојте да носите накит или облека што може да се заплетка во грмушки
или џбунови.
●
За да избегнете повреди на главата, очите, рацете или стапалата, како
и за да го заштитите својот слух, за време на работењето, мора да се
користи следнава заштита опрема и заштитна облека.
●
Секаде каде што има ризик од разлетани предмети, носете заштитен
шлем. Заштитниот шлем (1) треба да се проверува на редовни временски
интервали дали има оштетувања и треба да се замени најдоцна по 5
години. Користете само одобрени заштитни шлемови.
●
Штитникот (2) на шлемот (или алтернативно, заштитните очила) го
штити лицето од разлетани отпадни материјали и камчиња. За време на
работата, носете заштитни очила или штитник за да спречите повреди на
очите.
●
Носете адекватна опрема за заштита од бучава за да избегнете
оштетување на слухот (ушници (3), тампони за уши итн).
●
Заштитното работно одело (4) штити од разлетани камчиња и отпадоци.
Цврсто препорачуваме корисникот да носи заштитно работно одело.
●
Ракавиците (5) се дел од пропишаната опрема и мора секогаш да се носат
за време на работата.
●
Кога ја користите опремата, секогаш носете тврди чевли (6) со ѓонови што
не се лизгаат. Тоа штити од повреди и осигурува стабилна потпора со
нозете.
Стартување на косилката
●
Осигурете се да нема деца или други луѓе во работниот опсег од 15 метри,
и обрнете внимание на животните во близина на работното место.
●
Пред употреба секогаш проверувајте дали опремата е безбедна за работа:
Проверете ја безбедноста на алатот за сечење, дали лесно работи
рачката на гасот и проверете дали работи исправно рачката за блокирање
на гасот.
●
Вртењето на косилката за време на празен од не е дозволено. Ако имате
сомнежи, проверете со вашиот продавач. Проверете дали дршките
се чисти и суви, и тестирајте го функционирањето на прекинувачот за
стартување/исклучување.
Содержание EM4350RH
Страница 282: ...282 ...
Страница 283: ...283 ...
Страница 284: ...885379C969 IDE Makita Jan Baptist Vinkstraat 2 3070 Belgium Makita Corporation Anjo Aichi Japan www makita com ...