17
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
ВНИМАНИЕ
Термо осигурувач :
Оваа правосмукалка има специјален термостат што ја штити правосмукалката во случај на презагревање
на моторот. Ако правосмукалката наеднаш престане да работи, исклучете го прекинувачот и извадете го
кабелот од струјата. Проверете ја правосмукалката за можен извор на презагревање како на пример полн
резервоар за прашина, блокирано црево и затнат филтер. Ако се востановени тие состојби, отстранете ги
пречките и почекајте најмалку 30 минути пред повторно да ја користите правосмукалката.
По изминатите 30 минути, ставете го кабелот повторно во струјата и вклучете го прекинувачот.
Ако правосмукалката се уште не работи, контактирајте квалификуван електричар.
• Да не ставате никакви предмети во отворите.
Инаку може да дојде до оштетување на производот.
• Да не ја користите правосмукалката ако некој отвор
е блокиран:не дозволувајте да се собира прашина,
влакна, коса и било што кое може да го намали
протокот на воздух.
Инаку може да дојде до оштетување на производот.
• Да не ја користите правосмукалката без резервоарот за
прашина и/или филтрите на своето место.
Инаку може да дојде до оштетување на производот.
• Секогаш чистете ја кантата за прашина по смукање на
средства за чистење на тепих или освежувачи, прав и
фина прашина.
Овие производи ги запушуваат филтрите, го
намалуваат протокот на воздух и може да предизвикаат
оштетување на правосмукалката. Ако не ја чистите
кантата за прашина може да дојде до трајно
оштетување на правосмукалката.
• Да не ја користите правосмукалката за собирање на
остри тврди предмети, мали играчки, игли, спајалици и
др.
Тие можат да ја оштетат правосмукалката или кутијата
за прашина.
• Складирајте ја правосмукалката внатре.
По употребата тргнете ја настрана за да не би се
сопнале од неа.
• Правосмукалката не е наменета за користење од страна
на мали деца или немоќни лица без нивен надзор.
Инаку може да настане лична повреда или оштетување
на производот.
• Користете само делови произведени или препорачани
од сервисните застапници на компанијата LG
Electronics.
Инаку може да дојде до оштетување на производот.
• Употреба само како што е опишано во ова упатство.
Употреба само со препорачаните или одобрените
помошни алатки и додатен прибор од страна на
компанијата LG.
Инаку може да настане лична повреда или оштетување
на производот.
• За да се спречи лична повреда и да се спречи паѓање
на машината кога се чистат скали, секогаш ставете ја
на дното од скалите.
Инаку може да настане лична повреда или оштетување
на производот.
• Користете ги додатните смукалки во софа режимот.
Инаку може да дојде до оштетување на производот.
• Да не ја фаќате рачката за резервоарот кога ја
поместувате правосмукалката.
Корпусот од правосмукалката може да падне ако се
одделат резервоарот и корпусот. Може да настане
лична повреда или оштетување на производот. Треба
да ја фатите рачката за носење кога ја поместувате
правосмукалката. (Страна 33)
• Ако по празнењето на резервоарот за прашина се
огласува алармот, исчистете го резервоарот за
прашина.
Инаку може да дојде до оштетување на производот.
• Филтрите (издувниот филтер и заштитниот филтерот за
моторот) треба да бидат сосема суви пред да се стават
во машината.
Инаку може да дојде до оштетување на производот.
• Да не го сушите филтерот во рерна или микробанова
печка.
Инаку може да дојде до опасност од пожар.
• Да не го сушите филтерот во апарат за сушење на
алишта.
Инаку може да дојде до опасност од пожар.
• Да не се суши близу отворен пламен.
Инаку може да дојде до опасност од пожар.
• Да не се користат филтри кои не се суви.
• Ако кабелот за струја е оштетен, тој мора да се замени
од страна на одобрен LG Electronics овластен сервисер
за да се избегне билокаква опасност.
• Овој уред не треба да се користи од лица (вклучувајќи
деца) со намалени физички, сензорни или ментални
способности, или лица кои немаат искуство и
познавање, доколку не се под надзор или инструкции
како да го користат уредот, од страна на лице,
одговорно за нивната безбедност.
Треба да се внимава, да не си играат децата со уредот.
Содержание VK7920UHT
Страница 42: ...P No MFL62546616 Made in KOREA ...