28
ВАЖНИ БЕЗБЕДНОСНИ ИНСТРУКЦИИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
• Да не ја приклучувате ако контролното копче не е
ставено на позицијата OFF (исклучено).
Може да настане лична повреда или оштетување на
производот.
• Држете ги децата настрана и внимавајте на пречки
кога го премотувате кабелот за да спречите лична
повреда
Кога кабелот се премотува тој се движи многу брзо.
• Исклучете го електричното напојување пред
сервисирање или чистење на уредот или кога не ја
користите правосмукалката.
Инаку може да доведе до електричен удар или
лична повреда.
• Да не ја користите правосмукалката за кревање на
нешто што гори или дими како на пример цигари или
топол пепел.
Може да доведе до смрт, пожар или електричен
удар.
• Да не смукате запаливи или експлозивни супстанции
како на пример бензин, бензол, разредувачи, пропан
(течности или гасови).
Пареите од овие супстанции можат да предизвикаат
опасност од пожар или експлозија. Може да дојде до
смрт или лична повреда.
• Да не ја фаќате приклучницата или
правосмукалката со влажни раце.
Може да доведе до смрт или електричен удар.
• Да не ја исклучувате со потеглување на кабелот.
Може да доведе до оштетување на производот или
до електричен удар. За да ја исклучите, фатете ја
приклучницата а не кабелот.
• Држете ја косата, лабавата облека, прстите и
сите делови од телото настрана од отворите и
подвижните делови.
Инаку може да доведе до електричен удар или
лична повреда.
• Да не ја потеглувате или носите за кабелот, да не го
користите кабелот како рачка, затварате врата врз
кабелот, или да го потеглувате кабелот околу остри
рабови или агли. Да не ја движите правосмукалката
врз кабелот. Држете го кабелот подалеку од
загреани површини.
Инаку може да доведе до електричен удар или
лична повреда или пожар или оштетување на
производот.
• Цревото содржи електрични жици. Да не го
користите ако е оштетено, пресечено или дупнато.
Инаку може да дојде до смрт или електричен удар.
• Да не дозволувате да се користи како играчка.
Треба да внимавате кога го користат деца или се
користи близу деца.
Може да настане лична повреда или оштетување на
производот.
• Да не ја користите правосмукалката ако струјниот
кабел или приклучницата се оштетени или се со
недостатоци.
Може да настане лична повреда или оштетување
на производот. Во тој случај, контактирајте го
сервисниот застапник на компанијата LG Electronics
за да избегнете опасности.
• Да не ја користите правосмукалката ако била под
вода.
Може да настане лична повреда или оштетување
на производот. Во тој случај, контактирајте го
сервисниот застапник на компанијата LG Electronics
за да избегнете опасности.
• Да не продолжувате со смукањето ако недостасува
некој дел или е оштетен.
Може да настане лична повреда или оштетување
на производот. Во тој случај, контактирајте го
сервисниот застапник на компанијата LG Electronics
за да избегнете опасности.
• Да не користите продолжен кабел со оваа
правосмукалка.
Може да настане опасност од пожар или
оштетување на производот.
• Користење на соодветен напон.
Користење на несоодветен напон може да доведе
до оштетување на моторот и можна повреда на
корисникот. Правилниот напон е наведен на долниот
дел од правосмукалката.
• Исклучете ги сите регулатори пред вадење на
кабелот од напојувањето.
Инаку може да доведе до електричен удар или
лична повреда.
• Во никој случај да не ја менувате приклучницата.
Инаку може да доведе до електричен удар или
лична повреда или оштетување на производот.
Може да доведе до смрт. Ако не влегува
приклучницата, контактирајте квалификуван
електричар за да монтира соодветен штекер.
• Поправки на електрични апарати можат да се
прават само од квалификувани сервисни техничари.
Несоодветни поправки може да доведат до
сериозни опасности за корисникот.
• Да не ставате прсти близу до запчаникот.
Може да дојде до лична повреда.
Запчаник
Содержание VK7318 Series
Страница 3: ...3 ...
Страница 54: ...54 Note Megjegyzés Napomena Забележка ...
Страница 55: ...55 Napomena Shënim Napomena Белешка ...
Страница 56: ...Made in Korea LG Electronics Inc EU Representative Krijgsman 1 1186 DM Amstelveen The Netherlands ...