19
СОСТАВУВАЊЕ И ПОДГОТОВКА
МАКEД
ОНСКИ
МАКEД
ОНСКИ
Користење на џојстик копчето
Преку притиснување или поместување на џојстик копчето нагоре, надолу, налево или надесно, ќе можете
едноставно да управувате со функциите на телевизорот.
Основни функции
Вклучување
Кога телевизорот е исклучен, поставете го прстот на џојстик
копчето, притиснете го еднаш и отпуштете го.
Исклучување
Кога телевизорот е вклучен, поставете го прстот на џојстик
копчето, притиснете го еднаш во траење од неколку секунди
и отпуштете го. Сите активни апликации ќе се затворат, а
снимањата кои се во тек ќе запрат.
Контрола на јачината
на звук
Доколку го поставите прстот на џојстик копчето и го притиснете
налево или надесно, ќе можете да ја прилагодите јачината на
звукот на саканото ниво.
Контрола на
програмите
Доколку го поставите прстот на џојстик копчето и го притиснете
нагоре или надолу, ќе можете да се движите низ зачуваните
програми.
• Кога ќе го поставите прстот на џојстик копчето и ќе притиснувате нагоре, надолу, налево или надесно,
внимавајте да не го притиснете џојстик копчето. Ако прво го притиснете џојстик копчето, нема да можете да
ја прилагодувате јачината на звукот и зачуваните програми.
ЗАБЕЛЕШКА
Прилагодување на менито
Кога телевизорот е вклучен, притиснете го еднаш џојстик копчето. Преку поместување на џојстик копчето нагоре,
надолу, налево или надесно, ќе можете да ги прилагодите елементите од менијата.
Исклучување на напојувањето.
Ги брише приказите на екранот и враќа на гледање телевизија.
Промена на изворот на влезен сигнал.
Пристап до брзите поставки.