82
b. Не користете електрична алатка чиј што прекинувач е дефектен. Електричната
алатка која што повеќе не може да се вклучува или исклучува е опасна и мора да се
однесе на поправка.
c. Извлечете го приклучокот од дозната и/или отстранете ја акумулаторската
батерија пред да правите приспособување на уредот, менување на додатоците
или негово складирање. Оваа безбедносна мерка го спречува непланираното
вклучување на уредот.
d. Електричните алатки што не ги користите чувајте ги надвор од дофат на деца.
Не дозволувајте уредот да го користат лица кои не се запознаени со начинот на
работа на уредот или пак ги немаат прочитано овие упатства. Електричните алатки
се опасни кога ги користат неискусни лица.
e. Внимателно одржувајте го уредот. Контролирајте дали подвижните делови
на уредот функционираат беспрекорно и не закачуваат, дали се скршени или
оштетени некои делови кои што влијаат на функционирањето на уредот. Сменете
ги оштетените делови пред повторно да го користите уредот. Многу несреќи
настануваат поради лошо одржување на електричните алатки.
f. Алатките за сечење чувајте ги остри и чисти. Грижливо одржуваните алатки засечење
со остри рабови на сечилата помалку се блокираат и се полесни за управување.
g. Електричната алатка, додатоците, алатките за вградување и сл. користете ги
согласно овие упатства и на начин пропишан за овој специјален тип уред. Притоа
земете ги предвид работните услови и работата која треба да ја реализирате.
Користењето електрични алатки за други намени различни од предвидената може да
доведе до опасни ситуации.
h. Држете го уредот за изолираните делови на рачката кога вршите работи кај
кои алатката за вградување може да има скриени струјни врски или сопствен
мрежен кабел. Контактот со врска која спроведува напон може да ги стави под напон
и металните делови на уредот и да доведе до електричен удар.
Специјални информации:
• Проверете ја брзината на вртежите на алатката за брусење и внимавајте да е
еднаква или поголема од таа на целосниот уред.
• • Внимавајте димензиите на алатката за брусење да соодветствуваат на уредот.
• • Проверете го брусниот диск пред употреба: не употребувајте напукнати, скршени
или поинаку оштетени производи. Доколку брусниот диск е многу истрошен, со
што подесувањето на дискот за заштита на очите или на уредот за брусење повеќе
не е возможно, тогаш заменете го брусниот диск.
• • Осигурете се дека алатката за брусење е соодветно поставена и фиксирана
пред употребата и пуштете ја да поработи околу 30 s на безбедно место пред да
ја употребите. Веднаш придржете го уредот доколку значително вибрира или
доколку пронајдете други дефекти проверете ја причината зошто се појавуваат.
• • Доколку електричната алатка е доставена со заштитен капак, тогаш никогаш не
го употребувајте уредот без него.
• • Осигурете се дека навојот кај алатки за брусење со дел за навој е доволно долг
задолжината на ротацијата.
• Внимание! Алатката за брусење продолжува да врти и по исклучувањето.
1188986 BDA GB 85 KSG.indd 82
24.09.13 10:44