96
| Македонски
Вадење на топлотната заштита
За работење на особено тесни места може да ја извадите
топлотната заштита
(4)
со свртување.
u
Внимавајте со врелата млазница!
При работење со
топлотна заштита постои зголемена опасност од
пожар.
За вадење одн. ставање на топлотната заштита
(4)
исклучете го електричниот алат и оставете го да се олади.
За побрзо да го изладите електричниот алат, може да го
оставите кратко да поработи на најниската температура.
Одложување на електричниот алат
Одложете го електричниот алат на полиците
(1)
, за да се
олади или за да Ви се слободни двете раце за работа.
u
Особено внимавајте на работата додека е одложен
електричниот алат!
Може да се изгорите на врелата
млазница или од врелото струење на воздухот.
Позиционирајте го електричниот алат на рамна и
стабилна површина. Бидете сигурни дека не може да се
преврти. Осигурете го кабелот надвор од работното поле,
така што тој нема да може да го сврти или повлече надолу
електричниот алат.
Исклучете го електричниот алат и извлечете го струјниот
приклучок од приклучницата доколку не го употребувате
подолго време.
Примери за работа (види слики A–G)
Слики со примери за работењето може да најдете на
графичките страници.
Растојанието на млазниците до делот што се обработува
зависи од материјалот што се обработува (метал,
пластика итн.) и наменетиот вид на обработка.
Оптималната температура за односната примена може да
се одреди со практичен обид.
Секогаш прво направете тест на количината на воздух и
температурата. Секогаш започнувајте со поголемо
растојание и понизок степен на јачина. По потреба
прилагодете го растојанието и степенот на јачина.
Доколку не сте сигурни каков материјал обработувате
или какво е влијанието на топлиот воздух врз
материјалот, тогаш тестирајте го влијанието на покриено
место.
Во сите примери за работа, освен „Отстранување на боја
од рамка на прозорец“ можете да работите без опрема.
Сепак користењето на предложените делови опрема ја
поедноставува работата и го зголемува квалитетот на
резултатот.
u
Внимавајте при замената на млазницата! Не ја
допирајте врелата млазница. Оставете го
електричниот алат да се олади и при замената
носете заштитни ракавици.
Може да се изгорите од
врелата млазница.
За побрзо да го изладите електричниот апарат, може да
го оставите кратко да поработи на најниската
температура.
Отстранување на лак/вадење на лепак (види слика A)
Поставете ја плоснатата млазница
(6)
(опрема).
Омекнете го кратко лакот со топол воздух и подигнете го
со чиста шпатула. Долгото затоплување ќе го изгори
лакот и ќе го отежни отстранувањето.
Повеќето средства за лепење омекнуваат од топлината.
Кога лепакот е загреан може да ги одвоите споевите или
да го отстраните вишокот лепак.
Отстранување на лак од рамки на прозорци
(види слика B)
u
Неопходно е да користите млазница за заштита на
стаклото (7) (опрема).
Постои опасност од кршење
на стаклото.
На профилираните површини може да го подигнете лакот
со соодветна шпатула и да го исчеткате со мека жичана
четка.
Одмрзнување на водоводи (види слика C)
u
Пред загревањето проверете, дали всушност се
работи за водовод.
Водоводите честопати не може да
се разликуваат од гасоводите по надворешниот
изглед. Гасоводите не смеат да се загреваат во никој
случај.
Поставете ја аголната млазница
(8)
(опрема).
Замрзнатите места секогаш загревајте ги по можност во
правец од одводот кон доводот.
Пластичните цевки и споевите помеѓу деловите од
цевката треба да се загреваат со особена претпазливост,
за да се избегнат оштетувања.
Преобликување на пластични цевки (види слика D)
Поставете рефлекторската млазница
(9)
(опрема).
Наполнете ги пластичните цевки со песок и затворете ги
од двете страни, за да спречите прекршување на цевката.
Внимателно и рамномерно затоплувајте ја цевката со
странични движења од сите страни.
Заварување на пластика (види слика E)
Поставете ја редуцирната млазница
(12)
и папучата за
заварување
(11)
(двете од опремата). Делот што ќе се
заварува и жицата за заварување
(10)
(опрема) мора да
бидат од ист материјал (на пр. двете од PVC). Работ на
заварување мора да биде чист и немасен.
Затоплувајте го местото на заварување, сè додека не
стане тестесто. Внимавајте на тоа дека границата на
температура помеѓу тестеста и течна состојба на
пластиката е многу мала.
Ставете ја жицата за заварување
(10)
и вдлабнете ја во
процепот, така што ќе се создаде рамномерно
испакнување.
Меко лемење (види F)
За точкасто лемење поставете ја редуцирната млазница
(12)
, а за лемење на цевки рефлекторската млазница
(9)
(двете од опремата).
Доколку користите лем без течно средство, додадете
маст или паста за лемење на местото на лемење. Во
зависност од материјалот, загрејте го местото на лемење
околу 50 до 120 секунди. Додадете го лемот. Лемот мора
1 609 92A 4UD | (15.03.2019)
Bosch Power Tools