![Bosch GCD 12 JL Professional Скачать руководство пользователя страница 239](http://html.mh-extra.com/html/bosch/gcd-12-jl-professional/gcd-12-jl-professional_original-instructions-manual_47876239.webp)
Македонски |
239
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина (види слика A)
– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки
на работната површина. За тоа служат отворите
(23)
.
Флексибилна инсталација (не се препорачува!)
Доколку, во поединечни случаи, не е возможно
електричниот алат да се монтира цврсто на работна
површина, може да ги монтирате ногарките на масата за
сечење
(25)
на соодветна подлога (на пр. работна клупа,
рамен под), без да го зацврстувате електричниот алат.
Замена на сечилото за пила (види слики B1–
B4)
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
u
Активирајте ја блокадата на вретеното
(3)
само
доколку вретеното на алатот е во состојба на
мирување.
Инаку електричниот алат може да се
оштети.
u
При ставањето на сечилото за пила носете заштитни
ракавици.
Доколку го допрете сечилото за пила
постои опасност од повреда.
Употребувајте само сечила за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен алат.
Користете само сечила за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен алат и се погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе
спречи прекумерно загревање на запците на пилата за
време на сечењето.
Вадење на сечилото за пила
– Подесете го електричниот алат во работна позиција.
– Олабавете ја завртката за прицврстување
(26)
(околу
2 вртења) со крстест одвртувач
(12)
.
Не ја одвртувајте целосно завртката.
– Олабавете ја завртката за прицврстување
(27)
(околу
6 вртења) со крстест одвртувач
(12)
.
Не ја одвртувајте целосно завртката.
– Притиснете на лостот за фиксирање
(1)
и навалете го
осцилаторниот заштитен капак
(4)
до крај нагоре.
– Потоа повлечете го наназад осцилаторниот заштитен
капак
(4)
заедно со заштитната плоча
(21)
од
завртката за прицврстување
(27)
додека не се задржи
осцилаторниот заштитен капак со болцните-
водилки
(28)
во држачот
(22)
.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна
глава
(29)
со испорачаниот клуч со внатрешна
шестаголна глава
(12)
и истовремено притиснете ја
блокадата за вретеното
(3)
, додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното
(3)
и
одвртете ја завртката
(29)
во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
– Извадете ја стезната прирабница
(30)
.
– Извадете го сечилото за пила
(31)
.
Монтирање на сечилото за пила
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната
стезна прирабница
(32)
.
u
При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на сечилото за
пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитниот поклопец!
– Поставете ги стезната прирабница
(30)
и завртката
(29)
. Притиснете ја блокадата на вретеното
(3)
додека
не се вклопи и зацврстете ја завртката во правец на
стрелките на часовникот.
– Повторно олабавете ја блокадата на вретеното
(3)
. По
потреба, извлечете го копчето нагоре со рака.
– Притиснете на лостот за фиксирање
(1)
и повторно
вметнете го осцилаторниот заштитен капак
(4)
заедно
со заштитната плоча
(21)
под завртката за
прицврстување
(27)
.
– Полека водете го надолу осцилаторниот заштитен
капак
(4)
додека сечилото за пила целосно не се
покрие.
– Повторно зацврстете ги завртките за прицврстување
(27)
и
(26)
.
Употреба
u
Пред било каква интервенција на електричниот
алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
дозна.
Транспортен осигурувач (види слика C)
Транспортниот осигурувач
(14)
Ви овозможува лесно
ракување со електричниот алат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот алат (работна
позиција)
– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот
(16)
, за да го ослободи транспортниот осигурувач
(14)
.
– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот
осигурувач
(14)
.
– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.
Напомена:
При работењето внимавајте на тоа,
транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре,
инаку рачката на алатот нема да може да се навали на
саканата длабочина.
Прицврстување на електричниот алат (позиција за
транспорт)
– Водете ја рачката на алатот надолу додека
транспортниот осигурувач
(14)
целосно не се
притисне навнатре.
Останати напомени за транспорт (види „Транспорт“,
Страница 242).
Bosch Power Tools
1 609 92A 7N3 | (26.04.2022)
Содержание GCD 12 JL Professional
Страница 3: ... 3 1 2 4 3 6 5 9 7 11 10 13 12 14 8 Bosch Power Tools 1 609 92A 7N3 26 04 2022 ...
Страница 4: ...4 15 16 18 17 20 19 22 25 24 23 21 23 1 609 92A 7N3 26 04 2022 Bosch Power Tools ...
Страница 6: ...6 C E D F G 14 11 13 10 34 33 7 6 9 8 19 1 609 92A 7N3 26 04 2022 Bosch Power Tools ...
Страница 7: ... 7 H J I K1 K2 24 17 1 1 19 17 35 1 Bosch Power Tools 1 609 92A 7N3 26 04 2022 ...
Страница 8: ...8 L 36 33 13 6 1 609 92A 7N3 26 04 2022 Bosch Power Tools ...
Страница 332: ...IV 1 609 92A 7N3 26 04 2022 Bosch Power Tools ...