Македонски |
233
соодветен за надворешна употреба го намалува
ризикот од струен удар.
u
Ако мора да работите со електричен алат на влажно
место, користете заштитен уред за диференцијална
струја (RCD).
Користењето на RCD го намалува
ризикот од струен удар.
Лична безбедност
u
Бидете внимателни, внимавајте како работите и
работете разумно со електричен алат.
Не
користете електричен алат ако сте уморни или под
дејство на дроги, алкохол или лекови.
Еден момент
на невнимание додека работите со електричните алати
може да доведе до сериозна лична повреда.
u
Користете лична заштитна опрема.
Секогаш носете
заштита за очи.
Заштитната опрема, како на пр.,
маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се
лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат
за соодветни услови, ќе доведат до намалување на
лични повреди.
u
Спречете ненамерно активирање.
Проверете дали
прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во
струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете
или носите алатот.
Носење на електричните алати со
прстот позициониран на прекинувачот или
вклучување во струја на електричните алати чијшто
прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа.
u
Отстранете каков било клуч за регулирање или
француски клуч пред да го вклучите електричниот
алат.
Француски клуч или клуч прикачен за
ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе
до лична повреда.
u
Не ги пречекорувајте ограничувањата.
Постојано
одржувајте соодветна положба и рамнотежа.
Ова
овозможува подобра контрола на електричниот алат
во непредвидливи ситуации.
u
Облечете се соодветно.
Не носете широка облека и
накит.
Косата и алиштата треба да бидат подалеку
од подвижните делови.
Широката облека, накитот
или долгата коса може да се закачат за подвижните
делови.
u
Ако се користат поврзани уреди за вадење
прашина и собирање предмети, проверете дали се
правилно поврзани и користени.
Собирањето
прашина може да ги намали опасностите
предизвикани од неа.
u
Не дозволувајте искуството стекнато со честа
употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги
игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење.
Невнимателно движење може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
u
Не го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно
и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
u
Не користете електричен алат ако не можете да го
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
u
Исклучете го електричниот алат од струја и/или
извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат.
Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
u
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот.
Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
u
Одржување на електрични алати и дополнителна
опрема.
Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат.
Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите.
Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
u
Острете и чистете ги алатите за сечење.
Соодветно
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
u
Електричниот алат, дополнителната опрема,
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите.
Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
u
Рачките и површините за држење одржувајте ги
суви, чисти и неизмастени.
Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Сервисирање
u
Електричниот алат сервисирајте го кај
квалификувано лице кое користи само идентични
резервни делови.
Со ова се овозможува безбедно
одржување на електричниот алат.
Безбедносни напомени за пили за сечење на
метал
u
Утврдената брзина на дополнителната опрема мора
да биде најмалку еднаква на максималната брзина
означена на електричниот алат.
Дополнителната
опрема која работи побрзо од утврдената брзина може
да експлодира и да се распрска насекаде.
u
Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата
дополнителна опрема мора да биде во рамките на
класата на вашиот електричен алат.
Дополнителна
Bosch Power Tools
1 609 92A 7N3 | (26.04.2022)
Содержание GCD 12 JL Professional
Страница 3: ... 3 1 2 4 3 6 5 9 7 11 10 13 12 14 8 Bosch Power Tools 1 609 92A 7N3 26 04 2022 ...
Страница 4: ...4 15 16 18 17 20 19 22 25 24 23 21 23 1 609 92A 7N3 26 04 2022 Bosch Power Tools ...
Страница 6: ...6 C E D F G 14 11 13 10 34 33 7 6 9 8 19 1 609 92A 7N3 26 04 2022 Bosch Power Tools ...
Страница 7: ... 7 H J I K1 K2 24 17 1 1 19 17 35 1 Bosch Power Tools 1 609 92A 7N3 26 04 2022 ...
Страница 8: ...8 L 36 33 13 6 1 609 92A 7N3 26 04 2022 Bosch Power Tools ...
Страница 332: ...IV 1 609 92A 7N3 26 04 2022 Bosch Power Tools ...