202
| Македонски
3 609 929 C70 | (28.8.13)
Bosch Power Tools
Внимание! Алатите што се вметнуваат може да се
вжештат при подолга употреба на пневматскиот
алат.
Користете заштитни ракавици.
Корисниците и персоналот за одржување мора да
бидат физички подготвени за да може да ја
поднесат големината, тежината и јачината на
пневматскиот алат.
Бидете подготвени на неочекувани движења на
пневматскиот алат, кои може да настанат како
последица од реакциската сила или кршењето на
алатот што се вметнува. Држете го пневматскиот
алат цврсто и застанете со телото и рацете во
позиција во која ќе може да ги задржите овие
движења.
Со почитување на овие мерки за
предупредување може да се избегнат повреди.
Додека работите со овој пневматски алат, застанете
во удобна позиција, внимавајте на држењето и
избегнувајте неповолни позиции или позиции во кои
е тешко да држите рамнотежа. За време на
долготрајна работа, корисникот треба повремено да
го промени држењето на телото, што може да
помогне при избегнувањето на непријатности и
уморување.
При прекин на напојувањето со воздух или намален
работен притисок исклучете го пневматскиот уред.
Проверете го работниот притисок и одново стартувајте
со оптимален работен притисок.
Користете само средства за подмачкување
препорачани од Bosch.
Носете заштитен шлем, доколку работите на
плафон.
На дој начин ќе ги избегнете повредите.
Никогаш не го оставајте пневматскиот алат
настрана, доколку алатот за вметнување не е
целосно во состојба на мирување.
Ротирачкиот алат
што се вметнува може да дојде во контакт со
површината на која сте го оставиле алатот, и да ја
загубите контролата над пневматскиот алат.
Потпрете ги плочите или големите делови за
обработка, за да го избегнете ризикот од повратен
удар поради заглавената брусна плоча за сечење.
Големите делови што се обработуваат може да се
свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува
мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во
близина на местото на сечење, така и на рабовите.
Доколку се заглави брусната плоча за сечење или
Вие ја прекинете работата, исклучете го уредот и
држете го мирно, се додека плочата не дојде во
состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш,
брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите
од резот, бидејќи може да настане повратен удар.
Откријте ја причината за заглавување и преземете ги
соодветните мерки.
Телата за брусење смее да се користат само за
предвидените можности на примена. На пр.: не
брусете со страничната површина на брусната плоча
за сечење.
Брусните плочи за сечење се наменети за
сечење материјал со работ на плочата. Со странична
употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се
скршат.
Доколку има други лица во работното поле, држете
ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе
во работното поле, мора да носи лична заштитна
опрема.
Парчињата од делот што се обработува или
скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу
и да предизвикаат повреди и надвор од директното
поле на работа.
При користењето на пневматскиот алат, на
корисникот при работењето може да му се појави
непријатно чувство во дланките, рацете, рамената,
грлото или на други делови од телото.
Доколку на корисникот му се појават симптоми како
на пр. трајна слабост, тегоби, болка, боцкање,
глувост, жештина или вкочанетост, овие
предупредувачки знаци не треба да се игнорираат.
Корисникот на алатот треба овие знаци да му ги
соопшти на работодавецот или да се консултира со
стручно медицинско лице.
Не користете оштетени алати за вметнување. Пред
секоја употреба проверете ги алатите што се
вметнуваат дали се искинати, со пукнатини или
многу изабени. Доколку ви падне пневматскиот алат
или алатот што се вметнува, проверете дали е
оштетен или пак употребете неоштетен алат за
вметнување. Откако сте го провериле и ставиле
алатот за вметнување, не им дозволувајте на лицата
да бидат во близина на нивото на ротирачкиот алат
што се вметнува и оставете го алатот да врти една
минута на највисок број на вртежи.
Повеќето од
оштетените алати за вметнување ќе се скршат во текот
на овој пробен период.
Откако сте го провериле и ставиле алатот за
вметнување, не им дозволувајте на лицата да бидат
во близина на нивото на ротирачкиот алат што се
вметнува и оставете го алатот да врти една минута
на највисок број на вртежи.
Повеќето од оштетените
алати за вметнување ќе се скршат во текот на овој
пробен период.
Избегнувајте, крајот на вретеното да не го допира
подот на отворот на брусните лонци, брусните
конуси или брусните клинови со навој, кои се
предвидени за прицврстување на вретеното на
машината.
Не користете адаптери или редуктори.
Чувајте ги средствата за брусење според
податоците на производителот.
Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија.
Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување.
OBJ_BUCH-2005-001.book Page 202 Wednesday, August 28, 2013 8:57 AM
Та
ше
в
-
Га
лв
ин
г
ОО
Д
www.tashev-galving.com