
107
Предвидена употреба
Уредот за вшмукување служи за вшмукување на деланки и прашина коишто
настануваат при обработката на дрво и материјали слични на дрвото.
Специфични безбедносни упатства
1. Ако уредот за вшмукување се блокира, веднаш исклучете го.
Важни безбедносни упатства
Кога го користите системот за вшмукување, земете ги предвид долунаведените
безбедносни упатства.
ВНИМАНИЕ! Овој уред не е наменет за вшмукување прашина од опасни материјали.
ВНИМАНИЕ! Овој уред е наменет само за суво користење и не смее да се користи
или складира на отворено во влажни услови.
ВНИМАНИЕ! За да се избегне опасност од пожар, несреќи од електричната
струја, оштетување или повреди:
• Прочитајте го и почитувајте го упатството за употреба и сите упатства наведени на
уредот пред пуштањето во погон на системот за вшмукување: уредот користете
го само на начин опишан во упатството. За да избегнете несреќи или оштетувања,
користете само додатоци и резервни делови што се препорачани од производителот.
Искрите во електричните делови можат да ја запалат запаливата пареа или
прашината. За да избегнете пожар или други потенцијални опасности:
• Уредот за вшмукување не користете го за вшмукување на и во близина на запа-
ливи течности, гасови, бензин, средства за чистење, лакови на база на масло или
азот, водород или запалива или експлозивна прашина како што се јаглероден
прав, магнезиумски прав, житна прашина или барут.
• Не вшмукувајте жешки, усвитени, испарувачки или запалени предмети како цига-
ри, кибрит или жешка пепел.
• За да ги намалите штетните влијанија на пареата или прашината врз здравјето, не
вшмукувајте отровни материјали.
• Уредот не користете го на отворено или на влажна подлога.
• Уредот поставете го на стабилна, хоризонтална површина.
• Цревото за вшмукување и електричниот кабел не смеат да поминуваат врз про-
метни површини.
• Уредот не смее да се употребува од страна на деца и во близина на деца.
• Извлекувајте го мрежниот приклучок по користењето или за време на вршењето
поправки.
• Извлечете го мрежниот приклучок за да избегнете појава на несреќа како резул-
тат на ненамерно стартување кога го менувате филтерот, вреќата за прашина или
вреќата за деланки, односно кога го чистите уредот.
• Уредот не користете го без филтер, вреќа за прашина и/или вреќа за деланки.
• За да го извлечете мрежниот приклучок, влечете држејќи го приклучокот, а не
мрежниот кабел.
• Пред да го извлечете мрежниот приклучок, исклучете го прекинувачот за вклучување.
1188909 BDA 3000 ASA.indd 107
10.03.15 12:01