Македонски
398
Не употребувајте го Вашиот уред и апликации одредено време ако
уредот е премногу загреан
Продолжена изложеност на Вашата кожа на презагреан уред може
да предизвика симптоми на мала изгореност, како црвени точки или
депигментација на кожата.
Доколку Вашиот уред е опремен со блиц-светло или ламба, не
користете го светлото блиску до очите на луѓето или миленичињата
Користењето на блицот во близина на очите може да предизвика
привремено губење на видот или оштетување на очите.
Ракувајте внимателно кога сте изложени на трепкачки светла
•
Додека го користите уредот, оставете некои од светлата во собата
вклучени и не држете го екранот премногу блиску до Вашите очи.
•
Може да дојде до напади или бессознание кога сте изложени на
трепкачки светла додека гледате видео или играте флеш-игри подолг
период. Ако се чувствувате непријатно, престанете со користење на
уредот веднаш.
•
Ако некој Ваш близок почувствувал напади или несвестици додека
користел сличен уред, консултирајте лекар пред користење на уредот.
•
Ако чувствувате непријатности, како на пример грчеви во мускулите
или дезориентираност, веднаш запрете со користење на уредот и
консултирајте лекар.
•
За да спречите напрегнување на очите, правете чести паузи додека
го користите уредот.
Намалете го ризикот од повреди поради повторувачки движења
Кога повторувате одредени движења, на пример, притискање копчиња,
цртање знаци на екран чувствителен на допир со прстите или играње
игри, може да почувствувате повремена непријатност во Вашите раце,
врат, рамена или други делови од Вашето тело. Кога го користите Вашиот
уред подолги периоди, држете го уредот релаксирано, притискајте
лесно на копчињата и правете повремени паузи. Ако и натаму имате
непријатности при или по користењето, престанете со употребата на
уредот и консултирајте се со лекар.