Македонски
407
Услугите на трети страни можат да бидат укинати или прекинати во кое
било време и Samsung не дава никакви изјави или гаранции дека каква
било содржина или услуга ќе биде достапна во кој било временски
период. Содржините и услугите се пренесуваат од трети страни преку
мрежи и уреди за пренос врз кои Samsung нема никаква контрола. Без
ограничување на општите напомени на оваа изјава за одрекување,
Samsung изречно одрекува каква било одговорност за прекин или
суспензија на која било содржина или услуга достапна преку овој уред.
Samsung не е одговорен за услугата за корисниците во врска со овие
содржини и услуги. Сите прашања или барања во врска со услугата
поврзана со овие содржини или услуги треба директно да се испратат до
соодветните даватели на содржини и услуги.